ММДЧП ја осудува дволичноста на ЕУ содржана во нивниот извештај за Република Македонија
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ја осудува дволичноста на Европската Комисија (ЕК) која издаде извештај за Република Македонија и за „нивото на демократијата, владеењето на правото и човековите права“.
Масовните кршења на човековите права кои ги врши режимот во Македонија - од кои само еден дел е наведен во извештајот на ЕК - се поттикнати, поддржани, охрабрени и извршени од страна на истата таа организација која го подготвила овој извештај, а контролирана од Соединетите Држави.
Извештајот на ЕК е како копија на „Државниот извештај за праксата во човековите права“ што го изготвува американскиот Стејт Департмент.
Соединетите Држави, нивните сојузници од НАТО/ЕУ и придружните организации како што е Европската Комисија немаат право да им судат на суверени држави кои се изложени на дирекни западни интервенци и на систематско кршење на човековите права.
Уште во првиот пасус на резимето на извештајот, Европската Комисија наведува дека Македонија „се соочува со значителни предизвици во областа на владеењето на правото“. Така е, а корумпираното судство во Македонија е целосно контролирано од Соединетите Држави и добива инструкции од САД брутално да задушува секакво несогласување и да ги напаѓа сите кои ќе се побунат против анти-македонските политички на САД. Погледнете го извештајот на ММДЧП: Судството во Македонија под контрола на САД
ЕК продолжува да изнесува безобразно иронични коментари за Македонија како следното:
„Препораките на Европскиот комитет за спречување тортура во однос на постапувањето со притворени и со осудени лица не се спроведени, што предизвикува сериозна загриженост“. Македонските политички затвореници се одбрани, притворани и апсени токму поради тоа што се спротиставија на режимот на САД/НАТО/ЕУ и нивното кршење на човековите права во Македонија, и се изложени на нечовечни услови во затворите и на измачување кое Европската Комисија тврди дека го осудува, но е директен резултат на постапкте на оваа организација. Погледнете го погоре посочениот извештај на ММДЧП и белешките од средбите со канадското Министерство за Надворешни Работи, Амнести Интернешнл и Европската Слободна Алијанса во Европскиот Парламент, како и пресудите на Европскиот Суд за Човекови Права во поддршка на политичките затвореници.
„...помеѓу делумно и умерено ниво на подготвеност во областа на слобода на говорот“. САД, НАТО, ЕУ и режимот во Македонија остро ја гушат слободата на изразување, при што дел од нивните постапки вклучуваат: апсење на дисиденти; напади на полициски специјалци кои претепуваат и апсат мирни демонстранти; бркање од работа (од јавни и приватни компании) на илјадници Македонци; затворање на медиуми и изрекување затворски казни за новинари; блокирање на пристап до социјалните медиуми за поединци и за цели медиуми; забрана и криминализирање на употребата на името „Македонија; истраги против и заплашување на македонски граѓани со физички напади и палежи. Погледнете го извештајот на ММДЧП: САД го поддржува културолошкиот геноцид во Македонија и апсењето на дисиденти како дел од нејзиниот геостратешки сојуз со Грција, Американските политичари немаат право да ја определуваат македонската иднина, Слободата на говорот под напад во Македонија и Западните медиуми шират омраза против Македонија.
ЕК ги опишува односите на Република Македонија со Бугарија и Грција, но само во контекст на тоа дали Македонија ги исполнува договорите кои илегално беа потпишани со овие две земји. Целта на двата договори е да се избрише името, етничкиот идентитет, културата и историјата на Македонците. Како што можеше и да се очекува, извештајот на ЕК не го наведува масовното кршење на човековите права на Македонците низ Балканот, кое се врши како директен резултат на западната поддршка за озлогласените анти-македонски кампањи на Грција и Бугарија. Погледнете ги извештаите на ММДЧП: Факти за принудното преименување на Македонија: Рецепт аз културолошки геноцид, Македонците во Грција го осудуваат Преспанскиот договор, Раст на кршењето на човековите права на Македонците во Бугарија - годишен извештај и ММДЧП го осудува прифаќањето на бугарската анти-македонска политика од страна на ЕУ преку „Францускиот предлог“.
ЕК дури се дрзна да ги нарече бугарските организации во Република Македонија кои го слават нацизмот „културни центри“, а за бугарскиот сојуз со нацистичка Германија и Адолф Хитлер и масовното убивање на Македонците вели дека се работи за „славење на историски личности и настани“. Понатаму, Европската Комисија ги осуди македонските критики на бугарските воени злосторства.
ЕК продолжува со невидена дволичност и интервенционизам кога од Македонија бара да ги спроведе условите од наметнатите договори со Грција и Бугарија, иако двете земји овие договори со гордост ги истакнуваат како алатки за укинување на Македонците.
ММДЧП ја подвлекува својата осуда на анти-македонските политики на САД, НАТО и ЕУ/ЕК и својата посветеност на укинување на анти-македонските договори, вклучително и на принудното преименување на земјата.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија