Macedonian Human Rights Movement International
Amnesty International logo
Соопштение за медиумите

Средба на ММДЧП со Амнести Интернешнл - повик да се осуди кршењето на човековите права на Македонците


Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов се сретна со директорот на канцеларијата за Европа на Амнести Интернешнл Нилс Муизниекс, и со истражувачката на канцеларијата за Европа Јелена Сесар, при што ги повика Амнести Интернешнл да го осудат менувањето на името, идентитетот и историјата кои и се наметнуваат на Македонија, како и да ги осудат придружните кршења на човековите права на Македонците.


Прашања како што се слободата на мислата, слободата на говорот, слободата на печатот, слободата на здружување, ставање крај на полициското насилство и на незаконското апсење, како и дискриминацијата на етничка линија, и особено токсичната реторика и демонизирањето, се суштински прашања за кои се залага Амнести Интернешнл, а кои се кршат пред, за време и по принудното преименување на Македонија кое го изврши режимот на Заев. Овие злоупотреби не ги засегаат само Македонците во Република Македонија, туку и Македонците во регионот, особено во Грција и Бугарија, како и низ светот.


На пример, Заев презема брутални мерки против тие кои ги критикуваат неговите политики. Ова вклучува апсење на дисиденти; употреба на специјална полиција за тепање и апсење на мирни демонстранти; отпуштање од работа (во јавниот и во приватниот сектор) на илјадници Македонци; гаснење на медиуми и затворски казни за новинари; блокирање на социјалните мрежи за поединци и медиуми; забрана и криминализирање на употребата на зборот „Македонија“; истраги и закани против македонски граѓани кои вклучуваат и физички напади и подметнати пожари; незаконско апсење на политички затвореници кои се изложени на неподносливи затворски услови.


Принудното преименување на се што е македонско им даде одврзани раце на Грција и на Бугарија да ги спроведуваат нивните политики за бришење на македонскиот етнички идентитет и за засилени напади против Македонците - вклучително употребата на нео-нацисти во Грција кои физички напаѓаат Македонци, употреба на бугарската тајна полиција за апсење и заканување на Македонци, бришење на секој израз на македонскиот етнички идентитет од страна на државните агенции, упорното одбивање на барањата за регистрирање на македонски здруженија (промената на името сега се користи како изговор за оваа постапка), секојдневните постојани напади од медиуми и владини службеници кои ги прогласуваат Македонците за „понизок вид на луѓе“, „кои треба да се стрелаат на место“ (повици кои служат како катализатор за зголемена омраза и насилство против Македонците) и радосната најава од страна на грчките и бугарските политичари, дека на Македонците „веќе не им е дозволено“ да ги употребуваат имињата „Македонија“ и „Македонци“.

При крајот, Николов го подвлече повикот на ММДЧП до Амнести Интернешлн - и до сите заинтересирани за одбрана на човековите права - да го осудат принудното преименување и бројните кршења на човековите права на Македонците и единствено да ги користат имињата „Македонија“ и „Македонци“, бидејќи крајно навредливите изрази „Северна Македонија“ и „Северномакедонци“ се измислени за да се негира етничкото потекло и идентитетот на Македонците.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија