Macedonian Human Rights Movement International
Zapadnoto mediumsko izvestuvanje za Makedonija promovira omraza
Op-ed

Западното медиумско известување за Македонија промовира омраза


Пијан возач поминува на црвено и удира во група пешаци, при што тешко повредува повеќемина. Ако ова се случи во Македонија, насловот во западните медиуми би бил „Пешаци предизвикаа автомобилска несреќа, со сериозни штета врз возилото“.

Замислете само кога секој новинарски наслов и текст за вашата етничка група би бил преполн со дезинфорамции и замислен да се избрише постоењето на вашиот етнички идентитет.

Но зошто?

Затоа што тоа го бараат македонските угнетувачи, а западните земји одбраа да ги поддржат, со цел да ги задоволат своите сопствени империјалистички надворешно-политички цели.

Конкретно, Грција и Бугарија се заканија дека ќе стават вето на македонскиот прием во НАТО и ЕУ (кој ни се наметнати од Западот) доколку не го смениме името и не го прифатиме крајно навредливото име „Северна Македонија“, а притоа идентитетот на сите Македонци не биде сменет за да одговара на јавно декларираната позиција на овие држави дека Македонците „не постојат“.

Но Западот никогаш не дозволил човековите права и пристојноста да стојат на пат на нивните надворешно-политички цели.

Па така, за да да ја наметнат својата надворешна политика, а во обид да го прикријат својот бесрамен интервенционизам, Соединетите Држави финансираат голем број медиуми и аналитички центри кои ги спинуваат вестите во интерес на актуелната дневна американска политика (слепо следени од ЕУ и од останатите земји во НАТО) — а секогаш на сметка на некого.

Македонија очигледно е една од „омилените“ цели на САД. И јас лично сум цел, поради разоткривањето на незаконската, интервенционистичка и антимакедонска политика и нивните постапки во Македонија. Одмаздничките дејствија преземени против мене вклучуваат забрана за влез во Соединетите Држави според извршна наредба на Џо Бајден, потоа објавување на лажни натписи за мене и мое клеветење од страна на министерот за надворешни работи на режимот во Македонија кој е поддржан од САД на неодамнешна прес-конференција. (Не грижете се, јас и Македонското меѓународно движење за човекови права покренавме тужби за клевета за ова).

Но денес сакам да се посветам на лицата, особено во медиумите, кои се (можеби) ненамерно неинформирани. Иако нивната цел можеби не е експлицитно да помогнат во бришењето на етничкиот идентитет на Македонците и нашите основни човекови права, нивната слепа послушност на надворешната политика на САД гарантира дека така ќе заврши на крајот. Додајте ги овие медиуми на тие спомнати погоре, и го добиваме огромното мнозинство, ако не и буквално сите западни медиуми.

Конкртен пример: Постојан кошмар, односно наслов кој се користи за да се опишат настаните во Македонија во текот на годинава беше следниот: „Северна Македонија: 47 полицајци повредени на протести“. Неколку примери, избрани од страниците и страниците со вести, може да се најдат тука, тука и тука.

Секако, медиумите направија избор да го користат најнавредливиот можен израз за Македонците, а тоа е „Северна Македонија“ (или „Северномакедонци“), игнорирајќи го фактот дека промената на името беше спроведена незаконски и брутално наметната на Македонците, со закани со тешки последици за противење или дури само за изразување на нашиот македонски идентитет... но повеќе за тоа подоцна.

Што всушност се случи на протестите? Полицајците ги нападнаа демонстрантите. И во тоа можете да ја видите „инспирацијата“ за насловот на самиот почеток на текстот...

Ќе повторам, полицајците ги нападнаа демонстрантите. Замислете да читате вести за актуелните протести во Иран и медиумското известување да биде на страната на специјалната полиција. На видео снимки се гледа како огромен број Македонци беа јавно тепани, трпеа закани и апсења, но зачудувачки, или можеби не, западните медиуми го поддржуваат угнетувачот.

Ова ги тера Македонците да се запрашаат: „Зошто не мразат западните медиуми?“

Ги прашуваат медиумите кои одбраа да објават вест за овој настан (може да изберете било кој од западните медиуми бидејќи нивното известување за Македонија е речиси идентично), зошто го правите ова? Јавно, нема да ми одговорите. Но, многумина од вас, приватно, на моите средби со вас, ми признаа дека едноставно како папагали ги повторувате вестите од големите новински агенции. Епа големиот Асошиејтед прес и големиот Ројтерс речиси исклучиво користат новинари од Грција за да известуваат од Македонија. Ова ги активира ѕвоната за тревога - ги слушате ли? Ајде да направиме споредба - ако земјата Б признае дека се обидува да ја уништи земјата А, тогаш одговорна новинска организација нема да користи новинари од земјата Б за да известуваат за земјата А.

И кога известуваат за таканаречениот „спор за името на Македонија“ (a нашето име и идентитет не се спор, тие се она што ние сме) и за последователната принудна промена на името на Македонија, одговорни новински организации не би фалеле наметнат договор наменет за искоренување на една цела етничка група и немаше да ја игнорираат незаконитоста на овој процес (со кршење на меѓународното и македонското право, македонскиот Устав и собранискиот деловник, повелбата на ОН и повеќе меѓународни конвенции за човекови права, како и чинот што предизвика шок низ Македонија и требаше да биде насловна вест низ Запад - дека американскиот амбасадор Џес Бејли и членовите на режимот држеа жени - пратенички од опозицијата во собраниските простории спротивно на нивна волја, уценувајќи ги и заканувајќи им се со затвор на нив и на членовите на нивните семејства доколку не ги следат наредбите да гласаат за промена на името на Македонија).

Добивме молк од западните медиуми.

Тие, исто така, ја игнорираа натамошната бруталност (затворање на неистомислениците; полициските специјалци напаѓаа, тепаа и апсеа мирни демонстранти; отпуштање на илјадници Македонци од работните места во јавниот и приватниот сектор; затворање медиуми и изрекување затворски казни за новинари; блокирање на социјалните медиуми на поединци и медиуми; забрана и криминализирање на употребата на името „Македонија“; истрага и заплашување на македонските граѓани, вклучително и физички напади и подметнати пожари; и повеќегодишно незаконско притворање на македонските политички затвореници кои се изложени на ужасни затворски услови - а затворени се поради бесрамно измислени и преувеличани обвиненија).

Но, западните медиуми известуваат како што им диктираат САД. Кога саудиски активисти за човекови права се апсени со лажни обвиненија, медиумите го критикуваат режимот. Но, кога тоа ќе се случи во Македонија, тие го бранат режимот.

Одговорни новински организации, исто така, не би препишувале насловите и не би се пишувале цели вести со следните тврдења, кои исто така провејуваа низ западните медиуми: „Македонските националисти се против договорот за промена на името со Грција“. Повторно неколку примери, меѓу бесконечниот број статии, кои може да се најдат тука, тука и тука.

Ова се однесува на „Договорот од Преспа“ (со кој ниту еден Македонец не се согласи и кој со големо мнозинство беше отфрлен на референдум), со кој насилно се менува името на Македонија во „Северна Македонија“, при што член 7(2) официјално и го препушта името „Македонија“ на Грција и ги прогласува сите Македонци, особено целото македонско население во Егејска Македонија (која е анектирана од Грција во 1913 година) за непостоечки, а со член 8(5) се наложува панел од грчки дипломати да ја преработат македонската историја и да ги препишат македонските учебници со што формално ќе се отстрани секаква трага од нашето постоење.

И вие сигурно би биле против овој „договор

Но ова не им беше важно на медиумите. Наместо тоа, тие ги дехуманизираа Македонците и не демонизираа само затоа што сакаме да постоиме. Замислете на пример западните медиуми да ги нарекуваат Ујгурите „националисти“ само затоа што се противат на културолошкиот геноцид врз нив.

Гледајќи го успехот на Грција во мобилизирање на западната поддршка за поддршка на нивната кампања за искоренување на Македонија, и Бугарија ја засили својата озлогласено антимакедонска политика и побара: Македонците официјално да бидат прогласени за „непостоечки“ и дека всушност отсекогаш „се Бугари“, вклучително и Македонците во Пиринска Македонија (регион припоен кон Бугарија во 1913 година); дека Бугарија била „ослободител“ на Македонија во Втората светска војна, а не окупатор и сојузник на нацистича Германија и; отстранување од историските книги на сите сведоштва за масовните убиства и воени злосторства извршени од Бугарија врз Македонците, како и протерување на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Што беше одговорот од Западот на сето ова? Францускиот претседател Емануел Макрон недвосмислено ја поддржа Бугарија, по што ЕУ официјално застана зад сите бугарските антимакедонски барања (официјално познати како „Францускиот предлог“, со што го цементираше ова најново предавство на човековите права од страна на ЕУ предводена од Франција) и се бара од Македонија да ги спроведе сите овие барања пред да стане збор за нејзино можно членство во ЕУ (што ни е наметнато од Западот).

Како одговорија западните медиуми на барањата на Бугарија? Говорите на бугарските политичари во кои тие повикуваа на искоренување на Македонците во медиумите беа опишани како „долги и емотивни“ апели.

И така се вративме на прашањето погоре: „Зошто не мразат западните медиуми?

Во најдобар случај можеме само да помислиме дека западните медиуми се ненамерно неинформирани. Да, тоа е најдоброто сценарио. Но, непознавањето на некое прашање не е изговор за лошо известување. Незнаењето по некое прашање е причина да не се нафатите да пишувате за него. Ако западните медиуми немаат познавање од некое прашање, тие немаат право да известуваат за него. Резултатот е дека ги игнорираа основните правила на новинарството Тие шират лажни вести и, во овој случај, поттикнуваа антимакедонска омраза. Западните медиуми требаше да оддолеат на искушението да го изнесуваат своето сезнаење на секоја можна тема.

Што е спас за незнаењето? Знаење. А како се добива знаење? Со истражување. Што буквално треба да прават медиумите и новинарите? Истражувачко известување. А што всушност прават? Освен што ги преобјавуваат вестите од новинските агенции, тие го повторуваат „прифатениот“ наратив. Би можел да продолжам да поставувам вакви прашања и да одговарам на нив цел ден...

Но, зошто беше прифатен антимакедонскиот наратив?

Затоа што Западот одбра да постоењето на Македонците да го смета за „дипломатски спор“, со што падна - не, скокна - во стапицата на Грција. Грција анектираше голем дел од територијата на Македонија во 1912/13 година и изврши убиства, протерување и насилно асимилирање на Македонците додека брутално го потиснуваше името Македонија. Но одеднаш тактиката на Грција за културолошки геноцид врз Македонците се смени во 1988 година, кога оваа земја се дрзна да почне да го присвојува името Македонија за себе. Што е нивната јавно декларирана цел? Да го присвојува името на угнетените и да негирате дека се врши какво било угнетување, а притоа јавно го слави и велича успехот на својата кампања за културолошки геноцид.

И наместо да ја осудуваат Грција, западните медиуми и политичари и удоволуваат со цел да ги задоволат сопствените, гореспоменати, искривоколчени надворешнополитички цели, а и поради нивното непрестајно романтизирање на Грција.

Ова води до уште една важна лекција за основите на медиумите - клучно е да се најде гледната точка. Западните медиуми почнуваат од точка на прифаќање на секое тврдење на Грција како да е Библија, вклучително и трагично смешното тврдење дека Македонија е „грчка“ (наспроти тоа што Македонија е македонска), дури и по децении во кои Грција тврдеше дека Македонија „не постои“.

Понатаму, папагалското тврдење на Грција дека таа е „родното место“ на се и историските разобличени - и опасни - тврдења за нивната „културна чистота“ и „континуитет“ со античките жители на регионот, го овозможува озлогласениот комплекс на супериорност што е распространет во Грција. Ова паѓа на сметка на малцинствата, а особено на Македонците.

Па така, кога западните медиуми ќе решат да ги повторуваат позициите на грчката надворешна политика дека постоењето на Македонците „ја нарушува“ историјата на Грција, тоа го поттикнува и онака веќе распространетиот антимакедонски расизам на Грците и расизмот кон другите етнички групи. Иронично, западните медиуми тврдат дека нивен основен принцип е борбата против омразата, но зошто замижуваат по ова прашање кога станува збор за Грција?

За таа цел, поднесов официјални пријави преку правобранителите на повеќе западни медиуми, кои донесоа одлука дека нивното (сопствено) известување не ги прекршило нивните (сопствени) новинарски правила и дека, во суштина, на мене не ми е „дозволено“ да бидам навреден од нивното антимакедонско известување. (Повторно, не грижете се, ова не е единствен правен лек кој го користиме).

Читањето вести за некоја етничка група не треба да биде контроверзно, а веста не треба да содржи омраза. Побарајте ги насловите што ги цитирав погоре, или која било вест за Македонија, и ќе бидете бомбардирани со бескрајна понуда на речиси идентични написи во западните медиуми во кои се користат крајно навредливи антимакедонски термини и пишува дека идентитетот на Македонците дали е „нелегитимен“, дека нашата историја е „измислена“, нашето име и идентитет „припаѓаат“ не на еден, туку на две или повеќе страни (како е тоа воопшто можно?) на нашите угнетувачи кои сакаат да престанеме да постоиме.

Сега замислете дека ова се случува на вашата етничка група. Ќе го поставите истото прашање што го поставуваа Македонците: „Зошто не мразат западните медиуми?

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov