Macedonian Human Rights Movement International
Presuda vo sluchajot na MMDChPNikolov protiv medium kontroliran od SAD vo Makedonija
Соопштение за медиумите

Пресуда во случајот на ММДЧП/Николов против медиум контролиран од САД во Македонија


Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) и неговиот претседател Бил Николов поднесоа тужби за навреда и клевета против режимскиот министер за надворешни работи во Македонија Бујар Османи и против 360 Степени, медиум контролиран и финансиран од Соединетите Држави. Османи и 360 Степени се изразено критични и редовно ги клеветат активистите кои ги осудуваат анти-македонските политики на САД и кршењето на човековите права и слободи.

На 2 октомври 2023 година судот донесе пресуда во случајот ММДЧП/Николов против 360 Степени. И покрај тоа што уредникот Васко Попетревски на отворено рочиште призна дека 360 Степени извршил клевета со тоа што измислил обвинувања за „корупција“ против Николов и ММДЧП, и пред судот потврди дека тужителите „не се корумпирани“ - судот пресуди во полза на 360 Степени. Попетревски воедно потврди дека „вистинската цел“ на неговите напади е македонското малцинство во Бугарија. (погледнете го извештајот на ММДЧП за целосната контрола што САД ја има врз македонското судство).

„Најголем страв на режимот, на режимското судство, на про-режимските медиуми, е дека ќе бидат разобличени нивните напади врз Македонците и нивната целосна потчинетост кон САД. Дури и нивните западни газди ги критикуваат одлуките на судството. Ние поднесовме жалба на пресудата, но, уште поважно, ќе продолжиме да го разобличуваме режимот и сите што се поврзани со него, како и нивните анти-македонски постапки“, изјави Бил Николов, претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права.

Трајче Торов, адвокат на Николов и ММДЧП, додаде дека „Независните судови не треба да го бранат клеветничкото новинарство, кое ги напаѓа жртвите на угнетување и тие што им помагаат. Ова претставува здружен напад врз човековите права на жртвите, од страна на странските угнетувачи, пристрасните домашни судови и старата школа на таканаречено новинарство“.

Дополнителни информации се достапни тука.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија