Министерот за надворешни работи на режимот во Македонија повторно измисли изговор за да избегне судско рочиште за клевета
Министерот за надворешни работи на режимот во Македонија Бујар Османи по трет пат измисли изговор за да избегне судско рочиште против него. На 26 декември 2023 година Османи требаше да одговара согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Претходните две рочишта требаше да се одржат на 15 мај 2023 година и на 15 септември 2023 година. Во сите три случаи Османи тврдеше дека има „неодложни обврски“, иако многу порано му беше кажан денот на судењето. На нив требаше да се дадат завршните обраќања во процесот што го покрена Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и неговиот претседател Бил Николов.
Османи ги наклевети ММДЧП и Николов поради нивниот активизам за одбрана на правата на Македонците - во конкретниот случај: правата на жестоко дискриминираното македонско малцинство во Бугарија. Ваквите клевети се тактика која често пати ја употребуваат режимот и неговите поддржувачи во американската Влада.
Режимот во Македонија беше донесен на власт од Соединетите Држави, а во интерес на нивните надворешно-политички цели. Тој ја наметна промената на името во крајно навредливото „Северна Македонија“, и презема натамошни чекори да го уништи македонскиот етнички идентитет. Режимот е озлогласен по бруталните напади врз човековите права и врз сите неистомисленици,од кои голем дел се извршува преку целосна американска/режимска контрола врз македонското судство. Погледнете го извештајот овде.
Трајче Торов, адвокат на ММДЧП и Николов, изјави дека „Османи повторно одби да се појави пред судот и со тоа покажа целосно непочитување на судот и немање чувство за одговорност. Крајно необично е што Османи двапати може да го одложи рочиштето. Ова е безмалку нечуено во македонското судство, и е јасен показател за неговата ароганција и вина.“
За споредба, погледнете ја пресудата на судот во полза на 360 Степени, режимски медиум финансиран од САД, иако неговиот уредник Васко Попетревски пред судот призна дека ги наклеветил ММДЧП и Николов.
Претседателот на ММДЧП Бил Николов изјави: „Со употреба на вакви тактики Османи несакајќи ни помага во разоткривањето на режимот. ММДЧП ја изнесува пред светот секоја незаконска и недемократска постапка спротивна на човековите права која ја презема режимот. А Османи би требало да знае дека САД на крајот ги напуштаат своите 'пријатели'. Ако не знае, нека го праша Зоран Заев.“
Дополнителни информации за овој судски процес се достапни тука.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија