Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Прекинете ги веднаш антимакедонските преговори за името - Нови билборди „Нашето име е Македонија“ се поставени низ цела Македонија

3 јануари, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Bilboards Најновата верзија на билбордите на ММДЧП „Нашето име е Македонија“, со коишто се бара итен прекин на расистичките и антимакедонски преговори за името, се прошири во 14 градови низ Македонија. Погледнете ја подолу листата на градови (*). И покрај тоа што Стејт Департментот и Зоран Заев забранија слобода во медиумите и слобода на изразување, ние во целост очекуваме и бараме од медиумите да го покриваат овој круцијален развој во одбраната на една земја и правото на еден народ да постои.

Од сите медиуми на кои што добиле закани ги повикуваме да не’ контактираат, со цел да можеме понатаму да ги изложуваме антидемократските и антимакедонски активности на сегашниот режим при нашите редовни средби на највисоко ниво со ‘западните’ влади.

Билбордите ги содржат следниве пораки:
- Не дозволувајте да бидете измамени со термините "меѓународна, билатерална и уставна"
- Ако името на Македонија се смени за било каква употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш
- Дали сакате да бидете познати како „Новомакедонци", „Северомакедонци", „Скопјани", „Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?

Она што ММДЧП постојано го предупредуваше, сега е и јавно објавено. дека македонското име, идентитетот, јазикот и историјата се предмет на преговори, со цел да се задоволат нашите угнетувачи.

Во целост очекуваме и бараме жестока одбрана на нашите најосновни човекови права, самоидентификација и самоопределување, како и одбрана на нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле - Македонци. Барајте крај на преговорите за името СЕГА.

Билборди се поставени во градовите: Скопје, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово, Струмица, Кочани, Штип и Гевгелија.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.






 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting