
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Прекинете ги веднаш антимакедонските преговори за името - Нови билборди "Нашето име е Македонија" се поставени низ цела Македонија

Од сите медиуми на кои што добиле закани ги повикуваме да не' контактираат, со цел да можеме понатаму да ги изложуваме антидемократските и антимакедонски активности на сегашниот режим при нашите редовни средби на највисоко ниво со 'западните' влади.
Билбордите ги содржат следниве пораки:
- Не дозволувајте да бидете измамени со термините "меѓународна, билатерална и уставна"
- Ако името на Македонија се смени за било каква употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш
- Дали сакате да бидете познати како "Новомакедонци", "Северомакедонци", "Скопјани", "Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?
Она што ММДЧП постојано го предупредуваше, сега е и јавно објавено. дека македонското име, идентитетот, јазикот и историјата се предмет на преговори, со цел да се задоволат нашите угнетувачи.
Во целост очекуваме и бараме жестока одбрана на нашите најосновни човекови права, самоидентификација и самоопределување, како и одбрана на нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле - Македонци. Барајте крај на преговорите за името СЕГА.
Билборди се поставени во градовите: Скопје, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово, Струмица, Кочани, Штип и Гевгелија.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.
