Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП го осудува малтретирањето на борецот за човекови права Панајот Димитрас од страна на Грција

31 јануари, 2014

Read this page in English

Print this page

Panayote Dimitras Во одговор на барањето на Меѓународниот секретаријат на Светската организација против тортура за итна интервенција (www.omct.org), Македонското меѓународно движење за човекови права го осудува судското малтретирање на борецот за човековите права и портпарол на Грчкиот хелсиншки комитет, Панајот Димитрас.

Димитрас беше обвинет за клеветење и оцрнување на Константинос Плеврис, член на Адвокатската комора на Атина и автор на анти-семитската книга "Евреите: Целата вистина", во која што го величи Хитлер и повикува на истребување на Евреите. Во 2009 година, Димитрас бил сведок во судскиот процес во кој Плеврис во првостепена постапка доби условна казна од 14 месеци за "повикување на расно насилство, ширење омраза и за навреди на расна основа". Другите тројца обвинети беа ослободени од истите обвиненија. Г-дин Плеврис поднесе жалба на казната и беше ослободен од обвинението.

Во своја одбрана пред да започне судењето, Плеврис го обвини Димитрас дека е "беден предавник на Грција, кој што активно и јавно го поддржува постоењето на македонското малцинство во оваа земја", и да биде "предмет на жалба за предавство против Татковина". Исто така, Плеврис тврди дека Андреа Гилберт, специјалист за анти-семитизам во Грчкиот хелсиншки комитет, е "Еврејка-Американка, која што ги застапува правата на жените хомосексуалки, што значи дека таа е психички нездрава и сексуално перверзна личност и која што не ја почитува женската природа, па аналогно на тоа, не ја почитува ни вистината".

Наместо да гони адвокати, политичари, верски водачи и други лица кои што отворено се истакнуваат со расизам, хомофобија и анти-семитизам, политичари, верски лидери и други, Грција се реши да гони бранители на малцинствата и на нивните права.

ММДЧП, наместо да бара реакција од грчките власти кои што го вршат прогонството, бара од меѓународната заедница да ја осуди грчката пракса да ги малтретира малцинствата и бранителите на човековите права и да побара од Грција одговорност за прекршување на разни спогодби за човекови права на кои што и самата е потписник.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, www.twitter.com/mhrmi, www.facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, +1 416-850-7125.


 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting