Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Вклучете се и вие во акција: Побарајте од вашиот член во Конгресот да ги осуди преговорите за името!

17 април, 2013

Read this page in English

Print this page

Кетрин Ештон Последниот предлог на посредникот на ОН, Метју Нимиц, Македонија да го смени своето име во "Горна Република Македонија" за да ја смири Грција и тоа да биде земено во предвид во битката за влез во Европската унија и НАТО, наметнува потреба од итна акција. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, исто така, побара од Македонија да го смени своето име тврдејќи, "...не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред. И подобро е да се дејствува побрзо отколку подоцна. Ова е единствениот пат кон напредок во остварувањето на вашиата европска цел."

Сепак постои друг пат. Македонија мора да ги прекине преговорите за сопственото име и да престане да моли за влез во ЕУ и НАТО.

САД, ЕУ и НАТО ги поддржуваат расистичките и бесмислени преговори за името, вршејќи силен притисок врз Македонија да го смени своето име.

Американците со македонско потекло можат да ги сменат работите. Контактирајте го вашиот член во Конгресот, побарајте од него да ги осуди преговорите за името и побарајте поддршка за Македонија!

Како можат САД, кои што тврдат дека се пример за демократијата во целиот свет, да бараат од една држава да се откаже од своето најосновно право, правото на самоопределеување?

Американците со македонско потекло мора да им ја пренесат оваа порака на нивните избрани претставници и, наместо да се бара американска поддршка за влез во НАТО и во ЕУ, мора да се побара од САД да застанат во одбрана на вредностите кои што тврдат дека ги негуваат.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е предводник во одбрана на името Македонија и на човековите права во Северна Америка, како и, заедно со нашите партнери од Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права, во сите делови на Македонија и светот. Придружете ни се со тоа што уште денес ќе се јавите на вашиот член во Конгресот, барајќи од него да ги осуди преговорите за името!

Контакт информации за вашиот член во Конгресот може да се најдат на оваа адреса:
http://house.gov/representatives

###

Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting