
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Вклучете се и вие во акција: Побарајте од вашиот член во Конгресот да ги осуди преговорите за името!

Сепак постои друг пат. Македонија мора да ги прекине преговорите за сопственото име и да престане да моли за влез во ЕУ и НАТО.
САД, ЕУ и НАТО ги поддржуваат расистичките и бесмислени преговори за името, вршејќи силен притисок врз Македонија да го смени своето име.
Американците со македонско потекло можат да ги сменат работите. Контактирајте го вашиот член во Конгресот, побарајте од него да ги осуди преговорите за името и побарајте поддршка за Македонија!
Како можат САД, кои што тврдат дека се пример за демократијата во целиот свет, да бараат од една држава да се откаже од своето најосновно право, правото на самоопределеување?
Американците со македонско потекло мора да им ја пренесат оваа порака на нивните избрани претставници и, наместо да се бара американска поддршка за влез во НАТО и во ЕУ, мора да се побара од САД да застанат во одбрана на вредностите кои што тврдат дека ги негуваат.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е предводник во одбрана на името Македонија и на човековите права во Северна Америка, како и, заедно со нашите партнери од Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права, во сите делови на Македонија и светот. Придружете ни се со тоа што уште денес ќе се јавите на вашиот член во Конгресот, барајќи од него да ги осуди преговорите за името!
Контакт информации за вашиот член во Конгресот може да се најдат на оваа адреса: http://house.gov/representatives
###
Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.