Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП бараат од Метју Нимиц да поднесе оставка и да ги осуди преговорите за името

16 април, 2013

Read this page in English

Print this page

Matthew Nimetz Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (16 април, 2013) - Првиот посредник на ОН за преговори околу спорот со името, Робин О'Нил, ја има дадено следнава изјава, "Македонија не смее и нема да го смени името со цел да се смири Грција. Доколку Македонија подлегне на притисоците и го смени своето име, таквата разврска само ќе ја осоколи Грција да продолжи се’ додека не ја постигне својата крајна цел - „Македонија да исчезне од мапата".

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) бараат од актуелниот посредник на ОН, Метју Нимиц, јавно да го изнесе истиот заклучок како и неговиот претходник, да поднесе оставка и да ги осуди бесмислените преговори за името.

Како што ММДЧП и АМКЧП наведуваат во кампањата
Нашето име е Македонија, која бара Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името: "Дали било која друга земја би преговарала за своето име?"

Наместо да се забавуваат со смешни предлози, како на пример неодамнешната "Горна Република Македонија", очигледно наменета за "компензација" за влез во Европската унија и НАТО, Македонија и меѓународната заедница мораат да стават крај на преговорите за името. И покрај спротивните тврдења, било каква промена на билатералното име што се користи помеѓу Македонија и Грција, ќе значи и целосно менување на името во меѓународни рамки.

Македонците ширум целиот свет жестоко се спротивставуваат на преговорите за името и тоа со право, затоа што здравиот разум вели дека не може да се постигне „решение", кога од една земја се бара да го смени своето име, само за на некоја друга држава да и’ се оствари расистичката идеја за исчезнување на една нација.


###

Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting