
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат од Метју Нимиц да поднесе оставка и да ги осуди преговорите за името

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) бараат од актуелниот посредник на ОН, Метју Нимиц, јавно да го изнесе истиот заклучок како и неговиот претходник, да поднесе оставка и да ги осуди бесмислените преговори за името.
Како што ММДЧП и АМКЧП наведуваат во кампањата Нашето име е Македонија, која бара Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името: "Дали било која друга земја би преговарала за своето име?"
Наместо да се забавуваат со смешни предлози, како на пример неодамнешната "Горна Република Македонија", очигледно наменета за "компензација" за влез во Европската унија и НАТО, Македонија и меѓународната заедница мораат да стават крај на преговорите за името. И покрај спротивните тврдења, било каква промена на билатералното име што се користи помеѓу Македонија и Грција, ќе значи и целосно менување на името во меѓународни рамки.
Македонците ширум целиот свет жестоко се спротивставуваат на преговорите за името и тоа со право, затоа што здравиот разум вели дека не може да се постигне "решение", кога од една земја се бара да го смени своето име, само за на некоја друга држава да и' се оствари расистичката идеја за исчезнување на една нација.
###
Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.