Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Македонците бараат оставка од пратеникот на Либералите, Џим Каригианис

11 мај, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Jim Karygiannis Торонто, Канада - Како што се очекуваше, Либералната партија на Канада, повторно ги игнорираше расистичките појави во својата партија. Како што објави Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) на 8 март 2011 година, либералниот пратеник Џим Каригианис одржа голем анти-македонски говор на омраза, забележан и на видео, на едно предавање под наслов "Вовед во елинизмот" на Универзитетот во Торонто, на 5 март 2011 година.

Фалејќи го предавањето кое го прославуваше прогонот на Грција кон Македонците и кое застана во одбрана на бомбардирањето на македонски цивили за време на Граѓанска војна во Грција, Каригианис повторно Македонците ги ословуваше како "Скопјани". Ова е термин кој се користи од страна на Грција со цел да го негира етничкиот идентитет на Македонците и евоцира ужасната кампања на Грција, во минатото и сега, на етничко чистење и насилно асимилирање на своето големо македонско малцинство.

На 8 март, ММДЧП ги повика "...канадските политичари, без оглед на партиската припадност, да побараат итна оставка од Џим Каригианис". Според наши сознанија, овој апел не донесе успех. И што е најиронично, во текот на изборната кампања, секое второ контроверзно прашање во поглед на "етничкото гласање", изгледаше дека е прифатено од страна на секоја политичка партија и објавено во медиумите.

Обраќајќи му се на Христос Карациос, еден од гостите кои што говореа на предавањето, Каригианис рече: "Ова (предавање) мора да биде изнесено во Долниот дом", и "... дојди и објасни им на моите колеги што е тоа Грција..." И додаде: "Господине, би ве подржал да испратите писмо до сите членови на парламентот... И би бил пресреќен да ви помогнам во тоа.
Каригианис го кажа и следново: "... Скопјаните, како што политички да ги наречам...". Што е тоа што него "политички" го мотивирало да користи таков навредлив термин? Дали е тој во канадскиот парламент за да ја спроведува работата на грчката влада?

Каригианис ги ословуваше Македонците како "Скопјани" и во интервјуто за Globe and Mail на 21 септември 2007 година, по признавањето на Република Македонија од страна на Канада. Канадските Македонци беа навредени и Либералната партија беше преплавена со барања Каригианис да биде опоменат. Либералната партија го игнорираше овој проблем, па дури и се реши да ја критикува Конзервативната партија за признавањето на Македонија, со цел да и’ се додвори на грчко-канадската заедница.

ММДЧП уште еднаш бара од канадските политичари, без оглед на партиската припадност, да побараат итна оставка од Џим Каригианис. Ги повикуваме и сите загрижени Канаѓани да го направат истото преку контакт-информациите на нашиот вебсајт. Континуираното присуство на Џим Каригианис во Парламентот е навреда за традиционалните канадски вредности.

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

Reuters
Marketwire
Real Clear Politics
 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting