Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Македонците бараат оставка од пратеникот на Либералите, Џим Каригианис

Jim Karygiannis Торонто, Канада - Како што се очекуваше, Либералната партија на Канада, повторно ги игнорираше расистичките појави во својата партија. Како што објави Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) на 8 март 2011 година, либералниот пратеник Џим Каригианис одржа голем анти-македонски говор на омраза, забележан и на видео, на едно предавање под наслов "Вовед во елинизмот" на Универзитетот во Торонто, на 5 март 2011 година.

Фалејќи го предавањето кое го прославуваше прогонот на Грција кон Македонците и кое застана во одбрана на бомбардирањето на македонски цивили за време на Граѓанска војна во Грција, Каригианис повторно Македонците ги ословуваше како "Скопјани". Ова е термин кој се користи од страна на Грција со цел да го негира етничкиот идентитет на Македонците и евоцира ужасната кампања на Грција, во минатото и сега, на етничко чистење и насилно асимилирање на своето големо македонско малцинство.

На 8 март, ММДЧП ги повика "...канадските политичари, без оглед на партиската припадност, да побараат итна оставка од Џим Каригианис". Според наши сознанија, овој апел не донесе успех. И што е најиронично, во текот на изборната кампања, секое второ контроверзно прашање во поглед на "етничкото гласање", изгледаше дека е прифатено од страна на секоја политичка партија и објавено во медиумите.

Обраќајќи му се на Христос Карациос, еден од гостите кои што говореа на предавањето, Каригианис рече: "Ова (предавање) мора да биде изнесено во Долниот дом", и "... дојди и објасни им на моите колеги што е тоа Грција..." И додаде: "Господине, би ве подржал да испратите писмо до сите членови на парламентот... И би бил пресреќен да ви помогнам во тоа.
Каригианис го кажа и следново: "... Скопјаните, како што политички да ги наречам...". Што е тоа што него "политички" го мотивирало да користи таков навредлив термин? Дали е тој во канадскиот парламент за да ја спроведува работата на грчката влада?

Каригианис ги ословуваше Македонците како "Скопјани" и во интервјуто за Globe and Mail на 21 септември 2007 година, по признавањето на Република Македонија од страна на Канада. Канадските Македонци беа навредени и Либералната партија беше преплавена со барања Каригианис да биде опоменат. Либералната партија го игнорираше овој проблем, па дури и се реши да ја критикува Конзервативната партија за признавањето на Македонија, со цел да и' се додвори на грчко-канадската заедница.

ММДЧП уште еднаш бара од канадските политичари, без оглед на партиската припадност, да побараат итна оставка од Џим Каригианис. Ги повикуваме и сите загрижени Канаѓани да го направат истото преку контакт-информациите на нашиот вебсајт. Континуираното присуство на Џим Каригианис во Парламентот е навреда за традиционалните канадски вредности.

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

Reuters
Marketwire
Real Clear Politics