Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
Воскопулос: Пресудата е мал прозорец кон вистинска демократија

28 јануари, 2010

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Pavlos Filipov Voskopoulos Пресудата на солунскиот суд за двајцата новинари е мал прозорец кон вистинска демократија во Грција, вели за Макфакс членот на претседателството на Виножито, Павле Воскопулос.

Двајца грчки новинари се осудени од судот во Солун на пет месеци затвор - три години условно заради клевета. Директорот Димитрис Капселис и новинарот Кокос Телемахос од грчкото национално радио се осудени поради емисија на грчкото државно радио во 2005 година, во која Воскопулос е наречен „агент на Скопје“, „анти-грчки платеник“ и „сепаратист“.

„Однесувањето на една држава кон човековите и малцинските права се отсликува не само на политичко ниво и преку имплементацијата на политичките одлуки, бидејќи важен сегмент во организацијата на една држава е начинот на судењето. Начинот на судењето го покажува нивото на демократија во една држава. Поради тоа што “независното судство“ во Грција индиректно и директно ја следи политичката идеологија во поглед на малцинските права, случајот во Солун може да се нарече мал прозорец кон вистинската демократија“, вели Воскопулос.

Причина за спорниот настап на новинарот Капселис било емитувањето на документарецот „Патувајќи во Грција“, во кој новинарката Маја Цакли вели дека “луѓето што живеат во околина на Лерин претпочитаат да говорат македонски јазик, иако исто така говорат грчки“.

Судскиот процес против Капселис и Телемахос, Воскопулос го покрена во 2007 година.

Извор:
Новинска агенција Макфакс

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting