Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП ја осудува најновата грчка маневра во спорот околу името со Македонија

23 ноември, 2009

Read this page in English

Print this page

A Name is a Name Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција го вовлече и Исланд и неговото потенцијално членство во Европската унија, во бесмислениот спор околу името што го започна со Република Македонија.

Со својот најнов провиден излив на ксенофобија, Грција се закани дека ќе го попречи зачленувањето на Исланд во ЕУ бидејќи неговиот амбасадор во САД планира да прикаже документарен филм за напорите на Македонија за признавање под нејзиното уставно име. Филмот
Името е име е дело на исландскиот режисер Сигурјон Ејнарсон.

Во изјава за ММДЧП, продуцентот Џејсон Мико вели: “Зошто Грците толку се плашат од филм кој што сеуште го немаат ни видено? Иронично е што самопрогласената “лулка на демократијата“ се исплаши од филм и сакаат да се забрани дури и пред да го видат. Но, тоа е типично грчко однесување. Вреди да се потсетиме дека нивното вето за влез на Македонија во НАТО, на самитот во Букурешт во 2008 година, не беше прво. Во 2003 година, Грција и' се закануваше на цела ЕУ со закани за вето за тогашните земји-кандидати (државите Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Словачка, Малта, Полска, Унгарија и Чешка), доколку таа во списокот на земји не го стави и Кипар. ЕУ попушти на барањата на Грција. Иако се надевам дека овојпат нема да стават вето на аспирациите на Македонија и Исланд за влез во НАТО, не би бил изненаден доколку тоа сепак се случи. Се плашам дека Грција ќе продолжи да се заканува и да ги уценува НАТО и ЕУ се' додека некој, некаде и некогаш не застане пред неа и да се позанимава со неа. Нејзиното однесување е типично за еден сосед-силеџија.

Грција одбива да го прифати постоењето на етничките Македонци и на уставното име на Република Македонија. Освен ставањето на вето за влезот на Македонија во НАТО, Грција го прогонува своето македонско малцинство и покрај осудата од целиот свет, вклучувајќи и еден неодамнешен извештај на Обединетите нации и неколку пресуди против неа од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

ММДЧП досега во неколку наврати го постави следното прашање:
Дали Европската унија конечно ќе преземе конкретни чекори за да ја укори Грција, или и понатаму ќе ги затвора очите и ќе дозволува да им бидат врзани рацете на нејзините земји-членки поради ксенофобичната политика на Грција?

ММДЧП бара од останатиот дел од меѓународната заедница, а особено од ЕУ, конечно да се стави крај на ирационалниот “спор околку името“ и веднаш да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име. 130 држави веќе го направија тоа, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Русија и Кина.

ММДЧП, исто така, го повторува апелот до Македонија да ги прекине сите преговори со Грција во врска со името.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting