Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП ја осудува најновата грчка маневра во спорот околу името со Македонија

A Name is a Name Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција го вовлече и Исланд и неговото потенцијално членство во Европската унија, во бесмислениот спор околу името што го започна со Република Македонија.

Со својот најнов провиден излив на ксенофобија, Грција се закани дека ќе го попречи зачленувањето на Исланд во ЕУ бидејќи неговиот амбасадор во САД планира да прикаже документарен филм за напорите на Македонија за признавање под нејзиното уставно име. Филмот
Името е име е дело на исландскиот режисер Сигурјон Ејнарсон.

Во изјава за ММДЧП, продуцентот Џејсон Мико вели: "Зошто Грците толку се плашат од филм кој што сеуште го немаат ни видено? Иронично е што самопрогласената "лулка на демократијата" се исплаши од филм и сакаат да се забрани дури и пред да го видат. Но, тоа е типично грчко однесување. Вреди да се потсетиме дека нивното вето за влез на Македонија во НАТО, на самитот во Букурешт во 2008 година, не беше прво. Во 2003 година, Грција и' се закануваше на цела ЕУ со закани за вето за тогашните земји-кандидати (државите Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Словачка, Малта, Полска, Унгарија и Чешка), доколку таа во списокот на земји не го стави и Кипар. ЕУ попушти на барањата на Грција. Иако се надевам дека овојпат нема да стават вето на аспирациите на Македонија и Исланд за влез во НАТО, не би бил изненаден доколку тоа сепак се случи. Се плашам дека Грција ќе продолжи да се заканува и да ги уценува НАТО и ЕУ се' додека некој, некаде и некогаш не застане пред неа и да се позанимава со неа. Нејзиното однесување е типично за еден сосед-силеџија.

Грција одбива да го прифати постоењето на етничките Македонци и на уставното име на Република Македонија. Освен ставањето на вето за влезот на Македонија во НАТО, Грција го прогонува своето македонско малцинство и покрај осудата од целиот свет, вклучувајќи и еден неодамнешен извештај на Обединетите нации и неколку пресуди против неа од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

ММДЧП досега во неколку наврати го постави следното прашање:
Дали Европската унија конечно ќе преземе конкретни чекори за да ја укори Грција, или и понатаму ќе ги затвора очите и ќе дозволува да им бидат врзани рацете на нејзините земји-членки поради ксенофобичната политика на Грција?

ММДЧП бара од останатиот дел од меѓународната заедница, а особено од ЕУ, конечно да се стави крај на ирационалниот "спор околку името" и веднаш да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име. 130 држави веќе го направија тоа, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Русија и Кина.

ММДЧП, исто така, го повторува апелот до Македонија да ги прекине сите преговори со Грција во врска со името.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.