Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП бараат од Европската Унија да ја казнат Грција и да ја признаат Македонија

20 јуни, 2009

Read this page in English

Print this page

Greece Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - Грчки нео-нацисти ги напаѓаат Македонците. Многу големи изборни нерегуларности на штета на партијата на македонското малцинство. Дали Европската Унија конечно ќе преземе конкретни мерки и ќе ја казни Грција, или и натаму ќе продолжи да ги затвора очите и да им ги врзува рацете на своите членки изаради грчката ксенофобична политика?

Помеѓу овие два неодамнешни настани, се случи и Заменик претседателот на Европската Комисија, Жак Баро, да ја нарече Република Македонија со името "Северна Македонија". Изгледа како Европската Унија дури и дека ја подржува грчката екстремно-националистичка агенда.

Грција одбива да го признае постоењето на етнички Македонци и уставното име на Република Македонија. Од тие причини, Грција стави вето на македонскиот влез во НАТО во 2008 година, нејзиното економско ембарго ја осакати македонската економија во 1992, а прогонувањето на своето македонско малцинство предизвикува осуда од целиот свет, вклучувајќи и еден извештај од Обединетите Нации и неколку пресуди против Грција од страна на Европскиот суд за човекови права.

Сепак, станува очигледно дека Европската Унија им дозволува на своите членки, особено на Грција, да ги игнорираат пресудите од Европскиот суд за човекови права без страв од казнување.

Грчките нео-нацисти ги злоупотребуваат расистичкиот став на грчката влада и неодговорноста на Европската Унија. На 2 Јуни, 2009 година, нео-нацисти нападнаа Македонци и други пристуни на промоцијата на Македонско/грчки речник во просториите на Меѓународната прес служба во Атина. Погледни го Извештајот на Еуроланг и видеоклипот на YouTube, на кој што е прикажан нападот.

Партијата Виножито учествуваше на изборите за Европскиот парламент, на 7 Јуни, 2009 година, иако беше создаден непријателски амбиент за претставниците на македонското малцинство. И покрај законската обврска на медиумите, пристапот до нив не беше дозволен, беа малтретирани активисти на Виножито, беа конфискувани постери од партијата, летоци и Ди-Ви-Ди-ја, а бројни гласачки ливчиња беа уништени.

Според одлуката на ОБСЕ, беше формирана група од експерти кои што ќе ги оценуваат изборите од 4-7 јуни за Европскиот Парламент, но без да ги набљудуваат самите избори на изборниот ден.

Насе Парисис, член на Виножито и Претседател на гркиот комитет на ЕБЛУЛ (Европско биро за помалку употребувани јазици), изјави:

"Иронично е што немаше непосредно набљудување на нерегуларностите на изборите, бидејќи Грција, како членка на Европската Унија, треба да биде "модел" и да биде следен од земјите во развој и од новите демократии. Потенцијалните членки на ЕУ се изложени на многу строги контроли за време на нивните избори. На сегашните членки на Европската унија не смее да им се дозволи одржување на нерегуларни избори".

Македонско меѓународно движење за човекови права и Австралиско-Македонски комитет за човекови права бараат:

1. Европската Заедница да ја казни Грција и да ги присили дав ги применуваат одлуките донесени од страна на Европскиот суд за човекови права.
2. Македонија да ги прекине сите преговори со Грција за спорот со името
3. Меѓународната заедница веднаш да го признае македонското уставно име

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting