Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Грчки неонацисти ја прекинаа промоцијата на грчко-македонскиот речник во Атина

3 јуни, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Прекината промоција Дваесеттина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“.

Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден. Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Викор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце“ што ги објави ТВ „Канал 5“ се гледа како еден од членовите на групата насилници се заканува на професорка од Универзиетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници. Откако не усепале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција, членовите на „Хриси авги“ кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила.

По доаѓањето на полицијата и по инфорамциите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферија на Атина. Еден од лидерите на „Виножито“ Павле Васкопулос, за „Канал 5“ изјави дека ова е сигнал дека „грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција“. Инцидентот, вели, е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност.

Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат в недела. Според грчките националисти, Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде воопшто печатен затоа што македонскито јазик не постоел. Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоње на македонскиот јазик.

Извор: МИА

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting