Macedonian Human Rights Movement International
Грчки неонацисти ја прекинаа промоцијата на грчко-македонскиот речник во Атина

Прекината промоција Дваесеттина активисти на грчката фашистичка организација "Хриси авги" (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција "Виножито".

Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден. Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Викор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата "Сонце" што ги објави ТВ "Канал 5" се гледа како еден од членовите на групата насилници се заканува на професорка од Универзиетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници. Откако не усепале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција, членовите на "Хриси авги" кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила.

По доаѓањето на полицијата и по инфорамциите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на "Виножито" се повлекле на периферија на Атина. Еден од лидерите на "Виножито" Павле Васкопулос, за "Канал 5" изјави дека ова е сигнал дека "грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција". Инцидентот, вели, е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност.

Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат в недела. Според грчките националисти, Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде воопшто печатен затоа што македонскито јазик не постоел. Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоње на македонскиот јазик.

Извор: МИА