Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП бараат од Стејт Департментот на САД да ги корегира погрешно користените термини за македонското малцинство во Грција

28 февруари, 2009

Read this page in English

Print this page

State Department Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) бараат од Стејт Департментот на САД веднаш да ги корегира погрешно користените термини за македонското малцинство во Грција во својот “Годишен извештај за човекови права“, објавен на 25 февруари, 2009 година.

Во очигледен обид да се смири грчката чувствителност за македонското прашање, американскиот Стејт департмент ги става поимите македонци и македонски во наводници, наведувајќи ги Македонците како “Славо-говорници“, а македонскиот јазик како “словенски дијалект“.

Наместо да се фокусира на повредите на човековите права од страна на Грција, овој извештај ги втемелува стереотипите против Македонците.

И покрај постојаните барања од страна на разни организации за човекови права, вклучувајќи ги ММДЧП, Грчкиот хелсиншки комитет и Европската Слободна Алијанса - Виножито, извештаите на американскиот Стејт департмент се и натаму неадекватни и го пресликуваат официјалниот грчки став дека македонското малцинство е нелигитимно. Грчкиот хелсиншки комитет го истакна овој долгогодишен проблем уште во 2002 година:

"Односот (на американскиот Стејт департмент) спрема Македонците во Грција, онака како што се претставува во годишните извештаи не може да се третира како предвид, или дека е тоа наводно поради недостаток на информации, туку напротив, тој постојано се повторува со цел да им се угоди на грчките власти во однос на најчувствителното прашање за човековите права во Грција."

Згора на се', американскиот Стејт департмент застанува во одбрана на грчката политика, користејќи го “Договорот од Луизијана“ како изговор за непризнавање на ниту едно етничко малцинство.

Не се објавени и безброј примери за кршење на човековите права против Македонците, како што беше влегувањето на грчката војска во село населено со Македонци и апсење на неколку жители, прогонувањето на Отецот Никодим Тсаркниас и македонската православна црква, заканите од грчките нео-нацисти кон Македонците, кон македонски политички бегалци и кон активисти за човекови права, вклучувајќи и американски граѓани на кои што им е забранет влез во Грција.

ММДЧП и АМКЧП бараат од Стејт Департментот на САД веднаш да ги корегира своите грешки и да го осуди грчкото прогонство врз нивното македонско малцинство.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting