Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат од Стејт Департментот на САД да ги корегира погрешно користените термини за македонското малцинство во Грција

State Department Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) бараат од Стејт Департментот на САД веднаш да ги корегира погрешно користените термини за македонското малцинство во Грција во својот "Годишен извештај за човекови права", објавен на 25 февруари, 2009 година.

Во очигледен обид да се смири грчката чувствителност за македонското прашање, американскиот Стејт департмент ги става поимите македонци и македонски во наводници, наведувајќи ги Македонците како "Славо-говорници", а македонскиот јазик како "словенски дијалект".

Наместо да се фокусира на повредите на човековите права од страна на Грција, овој извештај ги втемелува стереотипите против Македонците.

И покрај постојаните барања од страна на разни организации за човекови права, вклучувајќи ги ММДЧП, Грчкиот хелсиншки комитет и Европската Слободна Алијанса - Виножито, извештаите на американскиот Стејт департмент се и натаму неадекватни и го пресликуваат официјалниот грчки став дека македонското малцинство е нелигитимно. Грчкиот хелсиншки комитет го истакна овој долгогодишен проблем уште во 2002 година:

"Односот (на американскиот Стејт департмент) спрема Македонците во Грција, онака како што се претставува во годишните извештаи не може да се третира како предвид, или дека е тоа наводно поради недостаток на информации, туку напротив, тој постојано се повторува со цел да им се угоди на грчките власти во однос на најчувствителното прашање за човековите права во Грција."

Згора на се', американскиот Стејт департмент застанува во одбрана на грчката политика, користејќи го "Договорот од Луизијана" како изговор за непризнавање на ниту едно етничко малцинство.

Не се објавени и безброј примери за кршење на човековите права против Македонците, како што беше влегувањето на грчката војска во село населено со Македонци и апсење на неколку жители, прогонувањето на Отецот Никодим Тсаркниас и македонската православна црква, заканите од грчките нео-нацисти кон Македонците, кон македонски политички бегалци и кон активисти за човекови права, вклучувајќи и американски граѓани на кои што им е забранет влез во Грција.

ММДЧП и АМКЧП бараат од Стејт Департментот на САД веднаш да ги корегира своите грешки и да го осуди грчкото прогонство врз нивното македонско малцинство.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.