Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Померој: Македонија има сериозен пристап во преговорите за името

26 септември, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Congressman Earl Pomeroy Извор: МакФакс

Македонија има сериозен пристап во преговорите за името и без преседан е во историјата на НАТО – една земја да спречи друга да стане дел од Алијансата поради билатерално прашање.

Ова, за Гласот на Америка на македонски јазик, го изјави конгресменот - демократ од Северна Дакота Ерл Померој.

„Има две страни во разговорите под посредство на американски дипломат, во обид да се најде решение. Една од нив - Македонија е многу сериозна во обидот да се постигне спогодба. Сметам дека другата страна во разговорите не е толку сериозна во постигнување решение. Понекогаш луѓето претпочитаат разговорите да ги држат „живи“, отколку да ги разрешат“, рече конгресменот Померој.

Според него, мошне е важно меѓународната заедница да помогне во изнаоѓање решение со цел Македонија да влезе во НАТО, и во правец на интегрирање во ЕУ:

„Од моја перспектива, Македонија сака да се постигне решение. Тие очајно сакаат да станат дел од НАТО, како и да станат дел од Европа. Мислам дека Грција има заземено премногу цврст став и според мене, тоа не носи добро никому“, додава американскиот конгресмен.

Померој смета дека во случајот со Македонија е направен многу лош преседан.

„Никогаш порано во историјата на НАТО не се случило една земја да го искористи приемот на друга земја во Алијансата со цел да издејствува некои невообичаени отстапки. Сметам дека ова е билатерално прашање, што не треба да го попречи учеството на Македонија во заедницата на нации“, вели Померој.

Прашан дали може да уследи промена на американската политика во однос на признавањето на уставното име на Република Македонија, без оглед на тоа дали иден претседател на САД ќе биде републиканецот Џон Меккејн или демократот Барак Обама, Померој рече дека САД ја признале Република Македонија и дека „тоа е - и ќе биде позицијата на САД“.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting