Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Рамсфелд – Грчки тактики на заплашување од минатиот век

28 март, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Wall Street Journal Извор: Wall Street Journal

Њујорк - Грција го загрозува приемот на Македонија во НАТО, а со тоа и стратешкиот интерес на целата Северноатлантската Алијанса, користејќи се со тактики на заплашување кои беа карактеристични за минатиот век.

Ова го посочи поранешниот американски државен секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во авторски текст под наслов „Проширувањето на НАТО треба да продолжи”, објавен денеска во угледниот американски весник „Wall Street Journal“, јавува Макфакс.

Рамсфелд сугерира Грција да го следи интересот на целата Северноатлантската Алијанса и да не го попречува приемот на Македонија во НАТО наметнувајќи ирелевантен „семантички спор“.

„Грција се заканува со вето за влезот на Македонија, бидејќи Македонија одбива да го смени своето име. Иднината на Северноатланската алијанса и нејзиниот кредибилитет како угледен политички и воен инструмент на светските демократии, се премногу важни за да бидат спречени од неважни спорови околу семантиката или од тактики на заплашување кои беа карактеристични за минатиот век“, наведува Рамсфелд.

Според него, „не постои подобар начин за НАТО да оди напред од давање покани за членство на Македонија, Албанија и Хрватска“ на самитот во Букурешт.

Рамсфелд посочува дека трите балкански држави ги исполниле потребните критериуми за членство и веќе придонесуваат кон клучните мировни мисии на НАТО, повеќе отколку многу други држави членки.

„Во време кога европската посветеност кон мисијата на НАТО во Авганистан е доведена во прашање, посветеноста на Македонија, Албанија и на Хрватска е јасна. Трите балкански држави, заедно имаат повеќе од 650 војници стационирани во Авганистан, како и во мисијата во Ирак. Можеби најважното во врска со слабостите што ги покажа НАТО е дека Македонија, Албанија и Хрватска испратија свои војници во Авганистан и Ирак и презедоа тешки мисии коишто неколку сегашни членки на Алијансата не беа подготвени да ги преземат“, пишува Рамсфелд.

Тој укажува дека „проширувањето на НАТО со Македонија, Албанија и Хрватска, како и градењето поблиски врски со Украина и Грузија, ќе помогне за смирување на каква и да е загриженост дека Алијансата повеќе ја нема колективната цврстина за тешките задачи што и претстојат“.

„Македонија Албанија и Хрватска денес се подготвени да ги прифатат тие одговорности. Самитот во Букурешт нуди шанса за унапредување на интересите на сите 26 членки на НАТО со проширување на Алијансата. Сега не е време за сомнежи. Сега е време за американско и европско лидерство“, заклучува поранешниот американски државен секретар Доналд Рамсфелд во авторски текст под наслов „Проширувањето на НАТО треба да продолжи”, илустриран со слика на државните знамиња на трите членки на Јадранската повелба.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting