Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
 
 


Македонското национално малцинство лобира во САД и Канада за поддршка

од Јоргос Пападакис

2 мај, 2007

Read this page in English

Извор

Отпечати ја страницата

Претставници на малцинските организации на Македонците од Грција, Бугарија и Албанија се при крај на нивната прва заедничка посета на Соединетите Држави и Канада, со цел да ги информираат владините претставници, дипломати и членови на Конгресот за кршењето на човековите права на Македонците од овие три држави.

Грција и Бугарија, кои и понатаму одбиваат да го признаат постоењето на нивното македонско малцинство, беа критикувани за време на средбите.

„Сеуште не можеме да поверуваме дека на две членки на Европската Унија сеуште им се дозволува да се однесуваат така кон значаен дел од нивното население“, рече Стојко Стојков, ко-претседателот на македонската политичка партија во Бугарија, ОМО Илинден Пирин. „Владините пртставници покажаа голем интерес за нашата ситуација и ветија подршка, како и тоа дека ќе бараат одговори од владите на нашите држави“, додаде Г-дин Стојков.

Политичката партија која е формирана со цел да ги застапува интересите на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, сеуште не е регистрирана од страна на бугарските власти и по ова прашање веќе има поднесено жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во меѓувреме, ЕСА Виножито, политичката партија на Македонците во Грција, исто така беше во центарот на вниманието минатата недела со предлог-резолуцијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Членовите на Собранието, кои беа претставници скоро на целиот политички спектрум, изразија длабока загриженост за „високиот број на постојаното кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција“ и го замолија Правниот комитет да направи соодветен извештај, потенцирајќи ги правните обврски кои Грција ги има превземено во врска со ова прашање кон сите поголеми меѓународни организации.

Овие неодамнешни случувања испровоцираа реакции од страна на грчката држава. Пратеникот од Социјалистичката партија и член на ПАЦЕ, Теодорос Пангалос, излезе со тврење дека секој обид да се легитимизира било каков дијалог со македонската заедница во Грција ќе се смета за „национално предавство“, додека грчкиот Министер за надворешни работи неофицијално го изрази своето „незадоволство“ кон властите на Соединетите Држави за тоа што не ја информирале грчката амбасада во Вашингтон ДЦ за официјалните средби кои македонската делегација ги одржа таму. (Eurolang 2007)

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting