Македонското национално малцинство лобира во САД и Канада за поддршка - од Јоргос Пападакис 2 мај, 2007 Read this page in English
Претставници на малцинските организации на Македонците од Грција, Бугарија и Албанија се при крај на нивната прва заедничка посета на Соединетите Држави и Канада, со цел да ги информираат владините претставници, дипломати и членови на Конгресот за кршењето на човековите права на Македонците од овие три држави.
Грција и Бугарија, кои и понатаму одбиваат да го признаат постоењето на нивното македонско малцинство, беа критикувани за време на средбите.
"Сеуште не можеме да поверуваме дека на две членки на Европската Унија сеуште им се дозволува да се однесуваат така кон значаен дел од нивното население", рече Стојко Стојков, ко-претседателот на македонската политичка партија во Бугарија, ОМО Илинден Пирин. "Владините пртставници покажаа голем интерес за нашата ситуација и ветија подршка, како и тоа дека ќе бараат одговори од владите на нашите држави", додаде Г-дин Стојков.
Политичката партија која е формирана со цел да ги застапува интересите на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, сеуште не е регистрирана од страна на бугарските власти и по ова прашање веќе има поднесено жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во меѓувреме, ЕСА Виножито, политичката партија на Македонците во Грција, исто така беше во центарот на вниманието минатата недела со предлог-резолуцијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Членовите на Собранието, кои беа претставници скоро на целиот политички спектрум, изразија длабока загриженост за "високиот број на постојаното кршење на човековите права на македонското етничко и лингвистичко малцинство во северна Грција" и го замолија Правниот комитет да направи соодветен извештај, потенцирајќи ги правните обврски кои Грција ги има превземено во врска со ова прашање кон сите поголеми меѓународни организации.
Овие неодамнешни случувања испровоцираа реакции од страна на грчката држава. Пратеникот од Социјалистичката партија и член на ПАЦЕ, Теодорос Пангалос, излезе со тврење дека секој обид да се легитимизира било каков дијалог со македонската заедница во Грција ќе се смета за "национално предавство", додека грчкиот Министер за надворешни работи неофицијално го изрази своето "незадоволство" кон властите на Соединетите Држави за тоа што не ја информирале грчката амбасада во Вашингтон ДЦ за официјалните средби кои македонската делегација ги одржа таму. (Eurolang 2007)