

Да, јас бев човекот кој извика „Слободна Палестина“ на настапот на Ванда Сајкс во Торонто
Вашата реакција на ова ќе ви каже многу за тоа кои сте. Еве ги најчестите реакции:
1. „Ова е хумористична претстава, не не интересира вашата политика!“
2. „Ти си поддржувач на Хамас!“
3. „Ти си подржувач на Трамп!“
4. „За се има време и место!“
Дали твојата реакција влегува во една од овие четири реакции? Ако не, слободно побарај ме на „Х“ и кажи ми што мислиш за мојот потег. Моите ДМ пораки се отворени.
Бидејќи повеќето луѓе во западното општество смеат да го видат и да го кажат само она што им е дозволено да го видат и кажат, еве ги моите кратки реакции на горенаведеното:
1. Секако дека Ванда Сајкс не требаше да ја промовира кампањата на воениот злосторник Камала Харис и да најави дека „ќе направи се што е во нејзина моќ за Харис да биде избрана“.
2. Јас не сакам палестинските бебиња да бидат убивани. Според луѓето кои ја имаат Реакцијата бр. 2, тоа значи дека сум „поддржувач на Хамас“. Со тоа, тие признаваат дека самите се залагаат за убивање бебиња. Во случај да не ми верувате, погледнете ги нивните реакции во јавноста кога гледаме масакрирање на бебиња.
3. Како може „поддржувач на Трамп“ и „поддржувач на Хамас“ да бидат реакции на еден ист гест? Трамп и Харис/Бајден се натпреваруваат за тоа кој од нив ќе биде поголем поддржувач на ционистичките геноцидални војни.
4. Да, има време и место - а тоа е настапот на Ванда Сајкс во Торонто.
Во американскиот политички и медиумски дискурс има простаци-производ на западното општество, кои мислат дека секогаш поделбата е „ние наспроти нив“, (самопрогласеното) „добро наспроти зло“ и дека избор е помеѓу само две опции. Ако ова беше вистина, тогаш простаците веруваат дека САД немаат друг избор освен да продолжат да вршат геноцид.
Се разбира, тие би можеле да гласаат за кандидат кој е против геноцидот. На овие избори, постои реална алтернатива која има голема поддршка, и покрај тоа што западните медиуми се преправаат дека таа не постои. Демократската партија, тие самонаречени „спасителите на демократијата“, ја тужат на сите страни во обид да ја тргнат од гласачкото ливче. Таа е единствената кандидатка Еврејка и единствениот антиционист во кампањата - и повторувам, единствената кандидатка која е против геноцидот. Се работи за Џил Стајн од Зелената партија. Ако влијателни Американци, особено познати личности, застанат зад оваа кандидатка, таа би победила убедливо.
Но, Ванда Сајкс и другите идиотски холивудски лицемери одбраа да застанат на страната на Холокауст Харис и се жалат дека Трамп бил „закана за демократијата“ и ја осудуваат неговата грубост и карактер. Знаете ли што е полошо од самобендисано магаре? Убиец на бебиња.
Иронично, Трамп е тој што се залага за помалку странски интервенционизам и ставање крај на непрекинатите војни во САД - но за време на неговиот мандат тој ја продолжи американската традиција на вршење масовни убиства во странство. Сепак, Трамп „не започна нови војни“. (што не е многу голема „победа“). Но, се разбира, тој ќе се построи и ќе ги слуша своите ционистички господари и се залага за убивање на Палестинците. Значи, додавајќи го ова на гореспоменатото, Трамп може да гние во пеколот исто како и неговите „противници“ од Демократската партија.
Да се вратиме на Ванда Сајкс. Таа требаше да знае дека не смее да а) поддржи масовен убиец и б) да го објави тоа гордо и да не очекува никаква реакција.
На оние кои врескаат Реакција бр. 1 („Ова е хумористична емисија, држете ја вашата политика подалеку!“) дали овие простаци забораваат дека огромното мнозинство комичари имаат - или се фокусираат на - давање политички ставови?
Бидејќи Садистката Сајкс одби да покаже минимум човечка пристојност и сепак избра да поддржи масовен убиец, буквално најмалку што можеше да направи е да сфати дека гордото промовирање на Камала Харис - ни помалку ни повеќе во Канада - би било грешка, и тоа грешка која ќе и влијае на кариерата..
До двајцата седнати пред мене кои извикаа и се свртеа за да осудат откако извикав „Слободна Палестина!“, а потоа промрмореа комбинација од реакцијата бр. 2 и бр. 3 („Поддржувач на Хамас!“ и „Поддржувач на Трамп!“ - што, повторувам, не е возможно да се биде во исто време), ќе ви го повторам она што им го кажав - „Свртете се. Харис и Трамп се исти го..а кои распалуваат војни. Кажете ми зошто го поддржувате геноцидот“.
Тоа брзо ги замолкна.
Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права