Macedonian Human Rights Movement International
ZAPADNITE POLITIChARI SE UBIJcI
Op-ed

ЗАПАДНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ УБИЈЦИ


Најнови вести! Светот е шокиран! Некој земал спреј и испишал порака врз канцеларијата на еден политичар (о Боже, што ли пишува?!) ... осудувајќи го геноцидот и политичарот кој активно го помага геноцидот. Се разбира, западните политичари и нивните послушници во медиумите ги осудуваат графитите, а не самиот геноцид.

Поради некоја причина тие ги „усовршија“ своите лажни изливи на бес, а јавноста - која е или премногу мрзелива, бесчувствителна или глупава за да го сфати тоа - се потресува од нивните крокодилски солзи и замижува пред масовните убиства извршени од наводните „бранители на човековите права“.

А западните новинари намерно се прават слепи и се необјасниво среќни што се соучесници во убиството.

За да бидам појасен, што веројатно е неопходно за поголемиот дел од западната јавност, Израел врши геноцид во Палестина. Но, западните политичари и медиуми ќе ве натераат да верувате дека жртвите се убијци. Зошто? Во „мозоците“ на овие политичари, тие мислат дека се должници на една „моќна“ лобистичка група, на нејзините донатори и гласачи. Но, ќе се вратам на тоа за една минута.

Огромното мнозинство западни политичари со кои сум се сретнал, вклучувајќи ги (особено) оние на највисоките нивоа, имаат нешто заедничко - социопатско лицемерие. А поради нивната реакција на неодамнешните настани, сега нивната дијагноа може да се класифицира едноставно како психопатија.

Па зошто го осудуваат убиениот и го поддржуваат убиецот? (освен поради тоа што се психопати)

Затоа што мислат дека потклекнувањето пред оваа група ќе ги донесе на власт или ќе ги задржи на власт, што е очигледно - сега повеќе од кога било досега - единственото нешто за што се грижат. Но, психопатите не сфаќаат дека, всушност, одбраната на човековите права ќе им донесе неспоредливо повеќе гласови - и тоа не само од групата која е виктимизирана, која, патем, е многу побројна од извршителите на геноцидот.

Но, Израел не е единствениот кој ја користи западната глупост и злоба. Западот избра да го поддржи секој можен угнетувач на мојата етничка група, Македонците, и нивната јавно декларирана цел да го искоренат нашето постоење - било да е тоа преку масовни убиства, протерувања, присилна асимилација, брутално сузбивање на нашиот етнички идентитет, систематско кршење на нашите човекови права, насилно замолкнување на неистомислениците…

Ќе се фокусирам повеќе на нашиот угнетувач кој е најдобро познат на Западот и е најмногу романтизиран - Грција. Слично како Израел, привилегијата што ја уживаат Грците значи дека во очите на западните политичари тие не можат да направат никакво зло.

Грција вршеше негирање на постоењето на Македонија, колење и протерување на стотици илјади Македонци откако анектираше голем дел од нашата територија во 1913 година (со западна поддршка, се разбира) за ненадејно во 1988 година да почне да го бара името „Македонија“ како да е нејзино. Зошто? Преземете го името на угнетените и така можете да негирате дека се случува некакво угнетување.

Прашање за западните политичари: Ако Англија ги преземеше имињата на домородните групи, дали тоа значи дека нивната колонизација и угнетување не се случиле?

Здравиот разум не значи ништо за западните политичари, па така, како што Грците за миг го спроведоа овој пропаганден трик како да притиснале прекинувач за светло, така и западните политичари и покрај тоа што живееја меѓу огромните македонски заедници на Западот (и молат за нашите гласови за време на изборите) беа целосно свесни за тактиката на Грција.

Оваа најнова тактика кулминираше со принудното преименување на Македонија, предводено од САД, во крајно погрдното име „Северна Македонија“ - термин кој е дизајниран да ги избрише нашето име, идентитет, култура и историја. Зошто? За да се убеди Грција да го повлече своето вето за кандидатурата на Македонија за членство во НАТО (кандидатура која ни беше наметната од Западот, се разбира, со цел да се засили хегемонијата на САД во регионот).

Како резултат на овој притисок, низ Балканот експлодираше кршењето на човековите права на Македонците. За жал, веќе со децении сме навикнати на ваков однос, бидејќи САД потпалија граѓанска војна во Република Македонија, амнестираа отворено нацистички ориентирани албански терористи осудени за убиства и ги поставија на највисоките позиции во власта, Западот целосно ги поддржува нападите на Бугарија врз Македонците (за укинување на нивното вето за членство во ЕУ) и за ревизија на историјата на нацистичка Бугарија за таа да може да се нарекува себеси „ослободител“ наместо масовен убиец и окупатор на Македонија (дали нацистичка Германија ја „ослободи“ Франција?), САД и Велика Британија извршија тепих-бомбардирање на македонски цивили, вклучително и на моето семејство, по Втората светска војна (и покрај тоа што Македонија беше на сојузничката страна во двете светски војни) за поддршка на ладејачките про-нацистички фашисти во Грција и на нивниот геноцид врз Македонците.

Што друго можевме да очекуваме? Западот не само што има долг историјат на поддршка на нацистите, во минатото и сегашноста, туку канадските пратеници неодамна дури му дадоа овација на еден нацист во Парламентот.

Оправдувањето на западните политичари за нивното отсуство на душа е нивниот обид да се стекнат со власт или да ја задржат власта, а нивното намерно слепо прифаќање на тврдењата на угнетувачот произлегува од тоа што угнетувачите се побројни од угнетените, па политичарите се надеваат дека поради тоа ќе добијат повеќе гласови (види погоре). Западните политичари без мозок и нивните советници (дали да наведам имиња?) дури ни кажаа дека нивниот „извор“ за „поткрепување“ на овие смешни тврдења е, замислете... Википедија! Дури и децата од основно училиште знаат дека Википедија не е извор на кој може да му се верува и не им е дозволено да ја користат.

Да појаснам - статиите на Википедија ги пишуваат припадници на лошо информираната јавност (знак за тревога бр. 1), и исто како и западните медиуми, нејзината содржина е изманипулирана од оние кои се на власт (без разлика на политичката партија) за да одговара на западната политика на кршење на човековите права на Западот и на нивниот империјалистички наратив.

Замислете да дозволувате Википедија да ја води вашата совест.

И кога советниците на западните политичари се всушност целосно свесни за нивните тактики, како што беше со канадскиот попис, и се обидуваат да им го објаснат тоа на нивните шефови, можете да замислите како тоа завршува.

Еве еден пример кој е лесно разбирлив дури и за политичарите: во канадските и другите западни пописи се бара да се наведе земјата на раѓање. Изгледа логично, нели? Но кога вашата земја била насилно распарчена и поделена меѓу вашите угнетувачи, вие сте обврзани да наведете една од тие земји во пописот, а потоа таа земја го користи вашиот избор за да полага сопственост на вашиот етнички идентитет.

Прашање до западните политичари: Ако Турција преземе дел од Грција, дали воопшто ќе размислите да дозволите турските групи на Запад да изјавуваат дека луѓето што се родени таму не се Грци, туку етнички Турци?

Камо Западот да им дадеше човекови права на групите кои ги смета за нешто пониско од луѓе, за разлика од романтизираните групи. Еве еден предлог -застанете во одбрана на човековите права за сите, точка.

Но, не, тие нема да го сторат тоа. Тие ветуваат дека ќе ги поддржат основните човекови права, но само откако некоја група ќе им помогне да победат на избори (дали да именувам имиња?). Сите знаеме што се случува со предизборните ветувања откако ќе завршат изборите. Во нашиот случај, Македонците совршено им ставија до знаење на западните политичари дека ќе ги поддржиме само ако тие прво го поддржат нашето право да постоиме.

Но, наместо да ги поддржат човековите права за навистина угнетените народи, западните политичари се обидуваат да ја „докажат“ својата „одбрана“ на човековите права со масовно глумење на гнев за неважни или непостоечки настани, притоа прикривајќи ги сопствените злосторства.

Затоа, кога ќе видите вест за некој „страшен инцидент“ исцениран за да се прикрие геноцидот, гледајте на тоа на следниот начин:

Масовен убиец плаче на цел глас за ситен инцидент, добива огромно внимание од послушните медиуми, ја тера јавноста да започне масовни протести за одбрана на жртвоте на ситни незгоди. За кого би гласале на избори? Капетанот Запад. Но, чекајте! Политичарот од партијата Б крева уште повеќе врева за оваа мала незгода, и станува познат како Бранителот Запад, гласајте за него! Заборавете на масовниот масакр и геноцидот извршени од западните политичари, тие успеваат да ја натераат јавноста да поверува дека нивната одбрана на ситници е поважна од загубените животи.

Па ајде направете ни на сите нас (и на себе) услуга: разбудете се, престанете да бидете мрзливи, бесчувствителни или глупави, и следниот пат кога политичар ќе рони крокодилски солзи за ситница, кажете им нека одат да се ебат.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
twitter.com/billnicholov