

„Големата (американска) држава Канада“ - Трамп го кажува тоа што сите американски политичари го мислат
Се размислував нешто: дали Канада воопшто некогаш била независна држава?
Сите американски политичари се однесуваат кон Канада како да е нивна сојузна држава, но Трамп е првиот кој што отвореного го кажува тоа - не пукајте во гласникот (буквално).
И сите канадски политичари им дозволуваат да го прават ова.
Лесното решение - особено што се однесува до надворешната политика - е, подготвени сте? Да престанеме да им дозволуваме да се однесуваат така.
Вообичаените изговори се дека „Американската економија е многу поголема од нашата. Нивното население е многу побројно. САД се суперсила“. Но тоа не им дава право на Соединетите Држави да владеат со Канада (или со остатокот на светот). Канадските политичари се (наводно) способни да ја владеат нашата држава. Тоа им е буквално работа.
Повеќето канадски (и други западни) читатели се прашуваат како воопшто надворешната политика влијае на нивните секојдневни животи. Тие се неупатени и послушни, точно тоа што политичарите го сакаат.
За себичната публика која не се грижи за последиците од слепата послушност на нашата држава кон американската надворешна политика (како што сакаат нашите политичари), еве како надворешната политика директно и нашироко влијае врз вашите секојдневни животи:
Милијардите долари испратени во Украина за да бидат убиени неброени Украинци (добро прочитавте) можевме да ги потрошиме дома.
Парите што ги праќаме како „помош“ за Палестинците - во геноцидот во кој Канада и Западот се соучесници - ќе беа потрошени дома, заедно со бескрајните суми пари што му ги испраќаме на Израел за да го изврши овој геноцид.
Огромните суми пари и зголемената опасност од терористички напад кај нас дома би биле значително помали ако Западот престане да интервенира низ светот и да убива милиони цивили и да уништува цели држави.
Тие кои што не се себични, мрзиливи или неуки - и кои имаат срце и душа - знаат дека нивните земји не би требало да им помагаат на Соединетите Држави во вршењето масовни убиства.
А тука не е само интервенционизмот од висок профил со кој се занимава Западот предводен од САД. Мојата етничка група, Македонците, ги искусија сите оружја во американскиот арсенал, буквално и фигуративно. Тепих-бомбардирање на цивили (ние бевме првите жртви на бомбардирање со напалм од САД/Велика Британија по Втората светска војна и покрај тоа што бевме сојузници во двете светски војни), масовни убиства, принудно протерување, вооружување и поддршка на неонацисти кои работат да не искоренат, инсталирање брутален режим, масовно кршење на човековите права и менување на тактиката со примена на модерна форма на културолошки геноцид - принудна промена на името Македонија во „Северна Македонија“ со конкретна, и јавно декларирана цел да се искорени идентитетот, културата, јазикот и историјата на Македонците и да се отвори пат за низа на уште посериозни прекршувања на човековите права. Ова се само дел од примерите.
Повторувам, до јавноста која се прашува „каква врска има ова со мене“? Замислете огромните суми пари кои се трошат за уништување на Македонците, помножете ги со сите земји од светот, и прашајте се како ќе можевме да ги потрошиме овие пари дома.
Секако, би требало да е доволно само да апелирам на основа на хууманитарноста и човековите права.
За тие што се на Запад, а особено за Канаѓаните, кои имаат добра причина да го мразат Доналд Трамп, или го прават тоа затоа што западните медиуми така им рекле, повикајте ја Канада да престане да се однесува како да е 51-та држава на САД - ако не за друго, барем за инает на Трамп.
Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права