Кампањата за културолошки геноцид врз Македонците се засилува – што ќе направите ВИЕ за да ја спречите?
Разни етнички групи, вклучително и групи кои сакаат Македонците да бидат искоренети, донираат кон вршењето на геноцид или културолошки геноцид. Дали вие, како горди Македонци, ќе донирате за да го спречите тоа?
Нападите против Македонците се силно се зголемија, во обид трајно да се искорени нашето име, идентитет и човековите права - и нашата можност и право да се идентификуваме како тоа што отсекогаш сме биле - Македонци. Ова не засега сите нас, во Република Македонија, низ останатите делови од поделената Македонија, па дури и низ целиот свет.
Поради присилната промена на името и другите тековни анти-македонски преговори и договори, нашите непријатели користат тужби за да се обидат да ја постигнат својата цел - наше искоренување.
Но, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права успешно се брани од овие тужби и продолжува да поднесува наши тужби пред повеќе домашни и меѓународни судови, со цел веднаш и трајно да се поништат присилната промена на името и сите анти-македонски преговори и договори, да се обезбедат нашите човекови права и да се зацврсти нашето право на постоење.
Овие тужби се дополнение на успесите што веќе ги постигнавме во одбрана на Македонците низ целиот Балкан, вклучувајќи над десетина победи во Европскиот Суд за Човекови Права.
Погледнете ја листата на нашите клучни активности тука. Донирајте сега за да му помогнете на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права да продолжи да ја предводи борбата за се што е македонско - и борбата за самото наше постоење. Секој придонес е добредојден и ќе биде високо ценет.
Доколку сакате да бидете признати како донатор, ве молиме наведете го тоа заедно со вашата донација.
Доколку поседувате бизнис и сакате да се рекламирате во разните печатени и онлајн изданија, социјалните медиуми или на интернет страницата на ММДЧП, ве молиме наведете го тоа. Вашиот придонес може да се користи како деловен трошок за отпис на данок.
Донирајте на mhrmi.org/donations, e-transfer info@mhrmi.org, испратете чек на адресата подолу или јавете ни се на 1-416-850-7125.
Ви благодариме што застанавте во одбрана на Македонците. Заедно ќе победиме.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија
