Macedonian Human Rights Movement International
MMDChP POVIKUVA NA ITNA AKcIJA ZA PODDRShKA NA KANDIDATURATA NA MAKEDONSKO-KANADSKIOT POLITIChAR DEN MASIN
Соопштение за медиумите

ММДЧП ПОВИКУВА НА ИТНА АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КАНДИДАТУРАТА НА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ ПОЛИТИЧАР ДЕН МАСИН


Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повикува Македонците во Канада да ни се придружат и да му изразат поддршка на Ден Масин, горд канадски Македонец, кој се номинира за пратеник од областа Маркам-Стофвил во Онтарио. Итно ни е потребен горд македонски глас во канадскиот Парламент кој ќе не застапува нас, Македонците, и ќе повика да се стави крај на ужасната анти-македонска политика на Канада. Како низ целата област на Торонто, Македонците се значителен процент од жителите во областа на Маркам-Стофвил, и ние ве повикуваме сите да преземете итна акција - првиот чекор е да се пријавите за членство во партијата со што ќе можете да гласате во поддршка на кандидатурата на Ден Масин. (види подолу)

Масин се кандидира за пратеник на Конзервативната партија на Канада, но ММДЧП нагласува дека го поддржуваме Ден Масин како поединец и го повторуваме нашиот став дека секоја политичка партија која ја сака поддршката на Македонците мора првин, како дел од својата официјална партиска политика, да соопшти дека го осудува принудното преименување на Македонија со крајно погрдното име „Северна Македонија“ и дека се залага за враќање на вистинското име на Македонија. ММДЧП ги осудува канадските политичари кои лажно тврдат дека ги бранат човековите права додека активно учествуваат во нивно кршење.

За да помогнеме Ден Масин да стане кандидат на Конзервативната партија за пратеник од Маркам-Стофвил, Македонците кои имаат живеалиште таму треба да се пријават за членство во партијата преку овој линк или со директен контакт на адресата dmasin@rogers.com или facebook.com/dan.masin, а потоа така што ќе го поддржат кога ќе се одржи гласањето за кандидатура.

Масин работи неуморно за да обезбеди поддршка за Македонија и Македонците и бара Канада да го осуди нелегалното, принудно преименување на Македонија и сите прекршувања на човековите права кои се случија притоа и се уште се вршат, вклучително и активностите со цел бришење на етничкиот идентитет и културата на Македонците. Со неговиот избор за пратеник, Македонците ќе добијат силен и ефикасен глас во канадската политика.

„Мојата цел е да го заштитам нашето македонско наследство, име и идентитет и да побарам и да ја добијам канадската поддршка за враќање на името на Македонија и за почитување на нашите човекови права“, рече Масин во изјава за ММДЧП.

Семејството на Масин потекнува од Прекопана и Вумбел во Егејска Македонија и добро знаат што значи да се бориш да опстоиш како Македонец. Презимето на Масин беше насилно сменето во „Масинис“ од страна на грчките власти, но семејството го врати назад во Масин кога емигрираа во Канада (голем број од постарите македонски презимиња завршуваат на „ин“).

По децении оспораувања, на Македонците им претстои клучната борба за нашето име и идентитет. Потребен ни е глас во западната политичка сфера кој ќе бара поддршка за Македонија. Ден Масин се одважи да биде тој глас. ММДЧП ги повикува Македонците во Канада да се погрижат тој да ја добие можноста да не застапува. Поднесувањето на документите за номинација е во тек, а гласањето за кандидатурата ќе се одржи многу бргу. Контактирајте со Ден уште денес и дајте му ја вашата поддршка.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија