Македонците во Албанија остро ја осудуваат најновата изјава на бугарскиот вицепремиер
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември годинава “Си го сменивте името изнамето, ќе ја смените и историјата“, како дрска најава за блокада на преговорите на Првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија, доколку Македонија не го исполни Договорот од 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја со епилог Македонците како Бугари, Македонскиот јазик како дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија како дел од Бугарија!
Македонците во Албанија ги осудуваат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам кон Македонскиот народ и Македонија! Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија и Македонците во обидите за повампирување на руската креација на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, како неизживеана романса која никогаш не постоела, ниту кога и да е ќе се оствари, но претставува територијални претензии на Софија кон Македонија и отворена закана спротивна на добрососедските односи!
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ја повикува интелектуалната и демократската јавност во Европа и светот најостро да ја отфрлат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам за повторна окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ! Македонците и Македонија не смеат повеќе да бидат жртви на шарлатански партии и умноболни поединци во соседна Бугарија кои наместо мир и љубов шират омраза и војна, расизам и апартхејд врз Македонците во татковината и во светот!
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина!
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај