Macedonian Human Rights Movement International
Kako da go branish agresorot Prirachnikot na Kristija Friland
Op-ed

Како да го браниш агресорот: Прирачникот на Кристија Фриланд


Се се случи одненадеж. Полицијата дојде од никаде и почнаа да не притискаат од сите четири страни. Пукаа врз нас со шок бомби и солзавец. Јас бев некаде во средината, заедно со десетина - петнаесет постари професори. Мој пријател веднаш сфати што се случува и ме фати за раката да ме одведе надвор од масата луѓе. Во еден момент почнав отежнато да дишам и за малку ќе се струполев. Тоа беше најужасното искуство во мојот живот“.

Ова ми го пренесе мојата пријателка Билјана Ванковска, добро позната професорка во Македонија. Таа е вистинска левичарка (се залага против странски интервенции и за заштита на човековите права). Настанот се случи за време на протест против постајаното кршење на човековите права на Македонците и против принудното менување на македонското име, идентитет и историја, извршени од режимот поддржан од страна на САД.

А сепак, во Канада, внимание од јавноста добиваат само лажните левичари - во последно време затоа што некој им се развикал во лифт. Заменик премиерката Кристија Фриланд е добро запознаена со тактиките на режимот во Македонија - каде жените се особено на удар - тактиките вклучуваат напади против цивили, закани врз нивните семејства, притвор, апсења, притисоци, палежи, апсење на Македонци и изложување на ужасни затворски услови - се со цел брутално да се замолчи секое несогласување.

Фриланд е исто така запознаена со една од најстрашните случки во поновата македонска историја - кога тогашниот американски амбасадор Џес Бејли и неколку претставници на режимот држеа жени пратенички во собраниските простории против нивната волја, го уценуваа и им се закануваа на нив и на нивните семејства со затвор ако не ги исполнат наредбите и ако не гласаат за промена на македонското име.

А сепак Фриланд јавно му честита на овој режим, затоа што тоа е во согласност со нејзината цел - да се обезбеди „евро-атланската интеграција“ (односно, ширењето на НАТО и неговиот империјализам).

Ја прашав Фриланд зошто го поддржува режимот во Македонија. Ја информирав неа, и нејзиниот тим советници, за се посериозното кршење на човекови права на Македонците низ Балканот. И кажав како на претставничка на опозициска партија и ги скршија двете нозе на протест против режимот, но тоа не и се виде интересно. Нејзина цел е проширување на НАТО и ништо нема да и застане на патот.

Вистински левичар не се радува на странски интервенционализам, империјализам и на кршење на човековите права. Но, нашата Либерална партија има погрешно име, таа не е либерална/левичарска.

Поради американскиот, канадскиот и НАТО интервенционизмот, Република Македонија е именувана погрешно, како „Северна Македонија“, име кое е измислено да ги избрише етничкиот идентитет, културата и историјата на Македонците.

Но зошто?

Грција се закани дека ќе стави вето на приемот на Македонија во НАТО (кое ни е наметнато од западните земји) доколку Македонија не си го смени името, и се што е македонско не биде избришано. Бугарија се приклучи и постави слични барања, при што го блокираше македонското барање за влез во ЕУ (исто така наметнато од Западот). Двете земји најавуваат, признаваат и се горди на нивната политика да се негира постоењето и прогонувањето на големото македонско малцинство на нивна територија, и да се елиминира секое изразување на македонскиот етнички идентитет.

Членките на НАТО и ЕУ поттрчаа да ги поддржат своите „стратешки партнери“, Грција и Бугарија. Во Македонија со сила беше инсталиран режим контролиран од САД за да се протуркаат промената на името и последователните договори - на сметка на најосновните човекови права на Македонците.

Вистинските левичари ги бранат човековите права. Штета што дволичноста на Фриланд, Трудо и Либералната Партија не се изложени на критика од канадската опозиција и медиумите. И тие покажаа дека се подготвени да го бранат агресорот.

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov