Macedonian Human Rights Movement International
Zavrshno rochishte vo predmetot NikolovMMDChP protiv Bujar Osmani minister za nadvoreshni raboti na rezhimot vo Makedonija
Соопштение за медиумите

Завршно рочиште во предметот Николов/ММДЧП против Бујар Османи, министер за надворешни работи на режимот во Македонија


Завршното рочиште во предметот за навреда и клевета што Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и претседателот на ММДЧП Бил Николов го покренаа против министерот за надворешни работи на режимот во Македонија Бујар Османи ќе се одржи во петок, 15 септември 2023 г., во 10 часот, во судница 8 во Основниот граѓански суд Скопје, Македонија.

Ги повикуваме македонските и меѓународните медиуми, организациите за заштита на човековите права, дипломатите и сите заинтересирани за човековите права и владеењето на правото да присуствуваат и да известуваат за овој важен случај.

Режимот во Македонија беше инсталиран од САД да ги исполни американските надворешно-политички интереси и со сила да го наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, а сега продолжува со уништување на македонскиот етнички идентитет и со брутално кршење на човековите права и прогон на дисидентите.

Поради активностите на Николов и ММДЧП за одбрана на Македонците, Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички коментари за нас (повеќе детали подолу).

Дополнителни информации:

Претседателот на ММДЧП Бил Николов и ММДЧП поднесуваат тужби против режимскиот министер за надворешни работи и против медиум во Македонија

https://mhrmi.org/vesti/mhrmi-president-bill-nicholov-mhrmi-file-lawsuits-against-foreign-minister-of-macedonia-regime

На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов и ММДЧП како организација поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи, министер за надворешни работи на режимот во Македонија, и против 360 Степени, медиум во Македонија.

Османи и 360 Степени се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.

360 Степени објавува дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес. 360 Степени исто така добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), факт потврден од УСАИД тука, и од британската и холандската амбасада. Инсерти се достапни тука.

Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од Соединетите Држави и и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД.

Дополнителни информации за огромниот пораст на случаи на кршење на човековите права против Македонци, по налог на САД, се достапни тука и насекаде на нашата интернет страница.​​​​​


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:1-416-850-7125,info@mhrmi.org,mhrmi.org,twitter.com/mhrmi,facebook.com/mhrmi,instagram.com/MacedonianHumanRights#НашетоИмеЕМакедонија