Macedonian Human Rights Movement International
Amerikancite se politichki ovci
Op-ed

Американците се политички овци


Американските политичари го знаат тоа, се потпираат на тоа и ви се смеат поради тоа. Американската јавност доброволно паднала во стапицата на двопартискиот систем и им дозволува на своите политичари да извршат масовни убиства, притоа тврдејќи дека Соединетите Американски Држави се највисокиот „морален авторитет" во светот.

Кога некој ќе се осмели да ги посочи воените злосторства и лицемерието на САД, веднаш е етикетиран како „антиамериканец" и - уште поважно за американските политичари - „антисемит". Очигледно е, дури и за најнеупатените, дека американските политичари ги исполнуваат наредбите на Израел.

Ако една земја тврди дека се залага за почитување на меѓународното право и човековите права и го повикува Меѓународниот Кривичен Суд да ги повика на одговорност сторителите на воени злосторства - но е една од двете „западни демократии" што не е членки на судот (не е изненадување, тоа се САД и Израел) - тоа треба да вклучи аларм за американската јавност. Светот знае дека не е така.

Ако некоја земја ја фали вредноста на Повелбата на Обединетите Нации и на Декларацијата на ОН за човекови права, а сепак става вето на секоја клучна резолуција за човекови права насочена кон запирање на геноцидот кој е во тек, и тоа треба да вклучи аларм.

Ако некоја земја тврди дека нејзините непријатели ја кршат Женевската конвенција додека таа масакриира стотици илјади жени и деца, тоа крева тревога..

Но, антивоеното движење во САД е одамна умрено, а со него замина и здравиот разум.

Американците, поради себичност, мрзеливост, глупост или бездушност (или комбинација од нив) си дозволуваат да гласаат само за една од двете геноцидни политички партии, а потоа маршираат според нивните команди и ги „слават војниците" (кои извршат масовни убиства), и конечно, ги осудуваат сите што се спротивставуваат на гореспоменатото масовно убивање обвинувајќи ги дека „ја мразат нашата слобода". Не, ние ги мразиме сериските убијци.

А во тоа САД се светски лидер. Извршуваат масовни убиства низ целиот свет, со мноштво жртви, вклучувајќи и од мојата етничка група - Македонците, кои го искусија широкиот спектар на американски геноцидни тактики и сега ги доживуваат американските тактики на културолошки геноцид. Повеќе за Македонија можете да прочитате тука.

Но, Американците се познати по тоа што изразуваат бес не кон геноцидот, туку кон графитите, не кон војните, туку кон зборовите, и по тоа што се и им помагаат на угнетувачите. Но, според американскиот политички дискурс, не смее да се осуди геноцидот бидејќи може да ги повредите чувствата на сторителот на геноцидот.

Ако се повикаме на познатиот цитат од Ели Визел, кој го преживеал Холокаустот: „Мора да одбереме страна. Неутралноста само му помага на угнетувачот, а никогаш на жртвата. Тишината го охрабрува мачителот, никогаш измачениот", Американците би прифатиле наредби од своите политичари (и послушните медиуми) да ја осудат употребата на овој цитат бидејќи тој ги брани сите човечки суштества од геноцид, а не само Евреите.

Израел е газда на Соединетите Американски Држави.

AIPAC и островот на Епстин се уште еден доказ за овој очигледен факт. AIPAC (Американско-израелски комитет за јавни работи) буквално ја купува лојалноста на американските политичари. Очигледната педофилија на американските политичари на островот на Епстин (искористена од Израел за да ги уценува) предизвика огромна врева - но никаква акција - од страна на американската јавност. Геноцидот на Израел и САД во Палестина конечно сврте многу Американци против неказнивоста што ја ужива Израел, но повторно нема никаква акција. А нелегалната, неморална и епска неуспешна војна на САД/Израел против Иран предизвикува осуда, но никаква акција.

Потребни се монументални настани за да се предизвика каква било промена во американското расположение, но сепак, се завршува на сентимент.

Значи, Американци, монументалното прашање останува - што ќе биде потребно за конечно да преземете акција? Или сте премногу себични, мрзливи, глупави или бездушни?

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
x.com/billnicholov


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија