Macedonian Human Rights Movement International
Macedonian and Canadian flags
Соопштение за медиумите

Канадскиот попис придонесува кон дискриминација на Македонците


ВНИМАНИЕ МАКЕДОНЦИ ВО КАНАДА

Канадскиот попис 2021 придонесува кон дискриминацијата врз Македонците – кажете и на канадската Влада дека сте Македонци од Македонија, независно од кој дел од поделената татковина доаѓате, и отфрлете ја поддршката што Канада шокантно ја дава за принудната промена на нашето име.

Во полињата каде ве прашуваат на кој јазик зборувате, кој јазик сте го научиле и се уште го зборувате (покрај англиски и француски) додадете и македонски. На прашањето за вашето етничко потекло (и потеклото на вашите претци), како и за тоа од која земја доаѓате – допишете македонски и Македонија. Ако не ви прифатат Македонија (на некои од прашањата се појавува анти-македонска исправка – погледнете ја сликата подолу), внесете Република Македонија и изразете го својот протест во просторот за реакции од граѓаните подолу.

На прашањето за вашата верска определба, внесете Македонска Православна вера. Во примерите кои се наведени во пописната листа се спомнува „Грчка Православна вера“ - што е навредливо не само за Македонците туку и за сите други источни православни вери.

Има разни верзии на пописните листови и не сите граѓани ги добиваат истите прашања. Погрижете се вашиот глас да се слушне преку полето за реакции. Отфрлете ги анти-македонските позиции на Канада и кажете им дека сте го известиле Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права за овие проблеми со пописот. Ве молиме контактирајте не и испратете снимки.

Нашите контакт податоци се подолу:

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија