Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Американски конгресмен бара поделба на Македонија - ММДЧП бара негова оставка и го повика претседателот Трамп да даде поддршка за Македонија

Dana Rohrabacher Првата поделба на Македонија како да не беше доволна, па американскиот конгресмен Дана Рохрабакер одлучи да бара понатамошна поделба, изјавувајќи "Жалам што ова ќе го кажам, но тоа не е држава. Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово. Другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или било која друга земја за која што тие тврдат дека се поврзани." Државата на која што Македонците припаѓаат, г-дине Рохрабакер, е Македонија - вековна нација која што заслужила да биде држава. А вие 'го пробивте дното' покажувајќи тотално незнаење. И згора на се', покажувате тенденција да ја продолжите политиката на претходните американски власти кои што го поддржуваа албанскиот иредентизам.

Извинување во овој случај не е доволно. ММДЧП не само што бара ваша оставка, туку и јавна осуда. Во изминатите седум децении, САД со својата надворешна политика, предизвика, буквално кажано, катастрофи. Една од клучните пораки во претседателската кампања на Трамп беше дека ќе стави крај на американскиот интервенционизам. Конгресменот Кристофер Смит направи еден позитивен чекор, иницирајќи истрага од страна на Конгресот за Амбсадата на САД и нејзиното мешање во внатрешните работи на Република Македонија, обидувајќи се да ја собори демократски избраната македонска влада. Ваквото мешање предизвика голема криза и политички безредија во државата.

Г-дине Рохрабакер, во 1913-тата година Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, а нешто подоцна и Албанија. Сите овие земји започнаа кампањи за насилна асимилација или истребување во нивните обиди за искоренување на постоењето на Македонците. Прогонството на Македонците продолжува и во денешно време. Пред, и по поделбата на Македонија, огромни бранови на македонски имигранти пристигнуваа на островот Елис, избегнувајќи на тој начин угнетување и барајќи слобода. Со еден брз поглед на зачуваните документи од 19-ти и 20-ти век за 'Имиграција во Америка' може да се види дека под графата за националност, кај многу доселеници е запишано МАКЕДОНСКА. Едноставно кажано, чист американски доказ дека Македонија не била "идеја" измислена пред 30 години, како што вие наведовте на албанската телевизија. Г-дине Рохрабакер, вашето бесрамно непочитување на американските вредности, како и комплетното непознавање на основните принципи на надворешната политика, на историјата и на граѓанските и човекови права, тотално ве дисквалификуваат за вршење на било каква јавна функција.

Претседателе Трамп, ММДЧП бара од вас да го исполните вашето предизборно ветување и да ставите крај на секакво мешање во внатрешните работи на Македонија. Суспендирајте ги преговорите за името кои што се спонзорирани од Обединетите Нации и од САД, со кои што се бара менување на историското име на Република Македонија, кое што секако подоцна би предизвикало хаос во целиот регион. Објавете дека името на Македонија е, и секогаш било, Македонија. САД ја признаа Македонија во 2004-тата. А оваа 2017-та година е година кога САД мораат да дадат безрезервна поддршка за најосновните човекови права - веднаш да се стави крај на преговорите за името.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.