
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП бара од македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио позади буквата "Ф"

Од тие причини, македонски спортисти, само од вас зависи. Приклучете се на оние спортисти кои што се спротивставија на кршењето на човековите права и не прифаќајте да дефилирате на олимпијадата во Рио позади буквата "Ф". Сте вложиле голем труд за да се здобиете со честа да ја претставувате вашата земја, а не некоја измислена држава БЈРМ. Чекорете позади буквата "М" и кажете му на светот дека нашето име е, и секогаш било, Македонија.
Македонци, олимпијци од сите држави и сите други кои што се залагате за човековите права, придружете се на барањето од ММДЧП за македонските спортисти да одбијат да чекорат позади буквата "Ф" на свеченото отворање на Олимписките игри. Споделете го на социјалните мрежи овој наш јавен апел, користејќи ги информациите и линковите под овој текст. Олимпиското начело вели дека "Спортувањето е човеково право". Епа човеково право е и користењето на сопственото име. Нашето име е Македонија. Барајте од Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) да го почитува тоа.
Нашето име е Македонија
Македонски Олимписки Комитет
mok@mok.org.mk
twitter.com/NOC_Macedonia
facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
mok.org.mk/site/kontakt
Меѓународен Олимписки Комитет
twitter.com/Olympics
facebook.com/Olympics
olympic.org/ioc
Олимписки Комитет на САД
twitter.com/TeamUSA
facebook.com/TeamUSA
teamusa.org
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
