Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП оствари средба со канадските министерства за надворешни работи, побара од Канада да ги осуди преговорите за името


Македонци во Канада Торонто (Канада) - На 1 октомври 2012 година, претседателот на ММДЧП Бил Николов, членот на ММДЧП Крис Балкос (Балковски) и членот на Виножито Димитри Иоану (Јованов) остварија средба со високи функционери на канадските министерства за надворешни работи и за меѓународна трговија. Покрај останатото, тема на разговор беше и кршењето на човековите права на Македонците во Грција, Бугарија, Албанија и воопшто на Балканот, забраната за влез во Грција на канадски Македонци, одбивањето да се помогне на канадски Македонци од страна на грчката амбасада и грчките конзулати, како и позицијата на Канада за Република Македонија и преговорите за името.

ММДЧП побара од Канада да го осуди прогонувањето на Македонците од страна на Грција, Бугарија, Албанија и да преземе конкретни чекори кои што или ќе стават крај на таквиот нивни однос, или да создадат услови со кои што овие земји ќе се соочат со последици. Попрецизно, беше побарано Канада јавно да повика прекин на преговорите за името и веднаш да даде цврста поддршка за меѓународно, а не само билатерално, признавање на Македонија. Од страна на ММДЧП беше искажана надеж дека земјите кои што ја признаа Македонија мора целосно да го поддржат нејзиното име, а беше упатена и критика за лицемерието на САД и земјите од Западна Европа кои што повикуваат на "компромис" или "изнаоѓање решение" на т.н. спор за името.

ММДЧП истакна дека не постои поважно човеково право од правото на самоидентификација, а иронијата да биде поголема, Грција го има сменето своето употребување на зборот Македонија во последните 25 години, и дека Македонија и Македонците отсекогаш биле препознавани токму по тие термини. Грција го иницираше "спорот за името", со намера да го негира постоењето и да го прогонува големото македонско малцинство во нивната земја.

Од страна на ММДЧП беше потенциран меѓународниот углед на Канада и нејзиното влијание во полето на човековите права и беше побарано Канада да го изнесе својот став за преговорите за името и да изрече осуда за оние земји кои прогонуваат Македонци.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Дадете ја вашата поддршка за остварување на македонските човекови права со пристапување во Фондот на ММДЧП за човекови права. Вашaтa донација директно ќе се употреби за финансирање на значајни активности поврзани со остварување на човековите права на Македонците на Балканот.