Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
НАТО мора да ја казни Грција заради заканата да го блокира влезот на Македонија

Македонија во НАТО Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција се заканува дека ќе го блокира македонскиот прием во НАТО поради неприфаќање на македонското уставно име. Според грчкиот премиер Костас Караманлис, "без решение, нема покана".

Ова е уште еден пример за безобѕирно грчко непријателство спрема Македонија. Грција се спротивставува на името на Република Македонија со цел да продолжи со политиката на непризнавање и прогонство на нејзиното големо македонско малцинство.

Како и да е, последиците од грчкото ирационално однесување нема да ги почувствува само Македонија, туку и Европската Унија, НАТО и целиот регион. Останатите држави-членки го подржуваат влезот на Македонија во НАТО, со кој што ќе се обезбеди стабилизација на земјата и на регионот, особено по прогласувањето на независноста на Косово.

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, изјави: "Наместо да се убедува Грција да не ги реализира нејзините закани, останатите НАТО членки мораат да ја предупредат Грција за последиците од нејзините националистички и ксенофобични потези. Го повикуваме НАТО веднаш да се изјасни кои чекори ќе ги преземе доколку Грција го блокира зачленувањето на Македонија.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.