Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Бугарија ја игнорира пресудата на Европскиот суд за човекови права - Соопштение за медиумите
Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите
Торонто, Канада - Бугарија уште еднаш докажа дека не се грижи за човековите права и за европските закони. Со уште еден државен акт на расизам насочен кон големото македонско малцинство, Софискиот градски суд повторно ја одби регистрацијата на партијата ОМО Илинден Пирин која се грижи за правата на македонското малцинство во Бугарија и покрај наредбата од Европскиот суд за човекови права од октомври 2005 година за итна и неодложна регистрација на партијата.
Според Стојко Стојков, еден од претседателите на партијата, "Бугарските надлежни органи се обидуваат на сите можни начини да оневозможат наше учество на локалните избори наредниот месец".
Почнувајќи од минатата година, Бугарија ја интензивира својата бесрамна расистичка кампања и прогонување на своето македонско малцинство, вклучувајќи и клевети од медиумите, додека бугарските политичари бараат Македонците "да се убиваат по улици" и "да се бркаат од земјата", а тајната полиција им се заканува на членовите на ОМО Илинден Пирин со апсење, депортирање од државата, губење на државјанство, бркање од работа, па дури и убивање. За повеќе информации види овде: www.mhrmi.org/press_releases.asp.
"Европската Унија тврди дека ги брани своите закони и се грижи за човековите права на сите свои граѓани. Сепак, членки на Европската Унија континуирано си земаат за право да ги игнорираат одлуките на Европскиот суд за човекови права и продолжуваат да ги кршат правата на своите малцинства", изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.
ММДЧП бара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да наложи спроведување на одлуката на Европскиот суд за човекови права за итна регистрација на ОМО Илинден Пирин.
---
Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.