Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП го повикува претседателот Иванов да преземе итни мерки за да го спречи менувањето на македонското име и идентитет

8 јануари, 2019

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Ivanov Во пресрет на незаконското, неуставното и предавничкото гласање закажано за 9 јануари 2019 година, чија цел е да се смени името и идентитетот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права го повикува претседателот Иванов веднаш да им даде помилување на сите Македонци кои се соочуваат со политички мотивирани кривични пријави поднесени од страна на режимот на Заев. Бараме ова помилување да ги вклучи и пратениците кои се користат како пиони за да извршат предавство во Собранието, но само доколку гласаат ПРОТИВ менувањето на македонското име. Со овој потег, Иванов би ја отстранил уцената на Заев, неговите закани и поткупите кои им ги нуди на пратениците.

Понатаму, ММДЧП го повикува Иванов веднаш да поднесе барање до Обединетите Нации со кое ќе се бара ОН да ја почитуваат својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права, и да и се одобри членство на Република Македонија под нејзиното вистинско име. Со тоа, на законски начин, трајно ќе се стави крај на сите обиди за менување на името. Дополнително, ММДЧП бара Иванов да побара поддршка за ваков потег од Русија, Кина, Турција и од било која држава подготвена да преземе мерки за да се одбрани македонското право на само-определување и заштита на нашите основни човечки права.

Минатата година, во врска со анти-македонскиот „Преспански договор“, претседателот Иванов гордо рече: „Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор“.

ММДЧП му аплаудира на претседателот Иванов за неговиот став, но тоа само по себе не е доволно. Потребни се итни, проактивни мерки со кои ќе се спречи менувањето на македонското име и идентитет.

Режимот на Заев ги крши законите, го крши Уставот и манипулира со собраниските правила за да го спроведе своето предавничко дело. Ова не може да помине неказнето. Без оглед колку поддршка Заев добие од САД и од ЕУ во нивните обиди да се разгради македонската нација, таа поддршка не може да биде изговор за неделување. Претседателе Иванов, како шеф на државата, вие имате обврска да ја браните Република Македонија и ја имате поддршката на Македонците низ целиот свет. Дејствувајте веднаш.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting