Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП се сретна со член на Македонската група во американскиот конгрес – Побара од САД да се откажат од антимакедонските преговори за името

13 март, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

US Congress (Мерилвил, Индијана – 13 март, 2018) – Сузи Талевски, член на Македонското меѓународно движење за човекови права, се сретна со конгресменот Питер Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес, на разговори за кризата околу името на Македонија и за бесрамниот напад врз правото на Македонците за самоопределување.

Сузи Талевски се заблагодари на г-динот Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес за неговата поддршка на Македонија, но истовремено и напомена дека, всушност, со барањето Македонија да го смени своето име, надворешната политика на САД ја поткопа независноста на Македонија и најосновните човекови права. Заради ваквата неодговорна и расистичка американска политика, Македонија е изложена на силен притисок да ги смени името на својот јазик и историјата, како и етничкото потекло и идентитетот на Македонците. Ваквите барања значат очигледно прекршување на Универзалната декларација на ОН за човекови права. На сите меѓународни конвенции за аштита на човековите права и владеењето на правото и демократијата, вредности за кои што САД тврдат дека ги поддржуваат.

Понатаму, крајно неодговорно е за Македонската група (видете го нивното
писмо до Државниот секретар) тоа што ги отфрлува критиките за американската политика на надворешен интервенционизам, тврдејќи дека „руското мешање“ создава нестабилност на Балканот. Во 2017 година, неколку конгресмени иницираа конгресна истрага за интервенциите на американскиот Стејт департмент и амбасадата на САД во Македонија, во неодамнешните парламентарни избори во Македонија. За истата работа судска постапка започна и Judicial Watch. Сузи Талевски побара итно решавање на истрагата во Конгресот и транспарентно објавување на резултатите од таа истрага.

Освен тоа, Талевски истакна и дека е доволно да се погледнат јавно дадените изјави на официјални лица од САД – барањата до Македонија да го смени своето име за да ги задоволи угнетувачите – па да добиеме јасна слика за американската надворешна политика којашто го поткопува егзистенцијата на една цела држава и етничка група. Таа побара од САД веднаш да ја преиспита својата политика кон Македонија, давајќи целосна поддршка за името на Македонија со тоа што ќе ги осудат антимакедонските преговори за името, како што впрочем бара и кампањата „Нашето име е Македонија“ САД имаат моќ да го прекинат овој бесмислен спор и тие тоа мора да го направат веднаш!


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting