Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП го осудува прикажувањето на Западот на потенцијалната промена на името на Македонија како „победа“

17 јуни, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Name Change Не само што Западното покривање на настаните е фактички неточно, тоа очигледно е и расистичко, затоа што потенцијалната промена на името на една земја и на етничкиот идентитет, потекло, јазик и историја на нејзиниот народ - сe во име на удоволување на нејзините потчинители - не може да биде повод за „славење“. Тоа ја прекршува секоја можна конвенција за човекови права која Западот наводно ја подржува.

Откако денес антимакедонскиот „премиер“, Зоран Заев, поставен од САД, симболично го потпиша договорот со најноторниот потчинител на Македонија, Грција, Западните држави и медиуми побрзаа да ги прослават овие прекршувања на најосновните човекови права на Македонија.

Всушност:

1. Еден премиер не може самоволно да го смени името на Македонија.

2. Секој предлог за промена на име го прекршува Македонскиот Устав, и прекршителот-водач се соочува со затворска казна.

3. За секоја голема промена која не го прекршува Уставот потребно е парламентарно гласање и референдум.

4. Македонскиот Претседател има право на вето, кое веќе најави дека ќе го употреби.

Ако Западот инсистира да известува за оваа приказна за прекршување на човековите права, тогаш мора тоа да го прави одговорно.

Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, во своите дискусии и состаноци со неколку уредници на новинарски куќи изјави:
„Бараме медиумските куќи да престанат да се потпираат на само еден извор - Ројтерс - и слепо да известуваат за вестите без самите да ги истражат и да употребат здрав разум. Би ги именувал: CBC, CTV, CP24. Го чекаме вашиот одговор, итен демант и извинување. Бараме да престанете да известувате за прашањето на името на Македонија како за „дипломатски проблем“ и бараме да ги браните нашите основни човекови права. Во спротивно, ќе преземеме понатамошни дејствија. Истово се однесува и на сите други медиумски куќи.“

Македонското меѓународно движење за човекови права го поставува следното прашање: Што ако која било друга земја беше во оваа ситуација? Западот ќе го осудеше секој обид за прекршување на нејзиното основно право на самоопределување. Од каде овој двоен стандард за Македонија и Македонците? Дали се работи за мрзливост, незнаење или соучеснишство? Ако на домородните групи не им се дозволеше да ги користат своите вековни имиња, веднаш ќе се јавеше оправдан револт. ММДЧП и во минатото, и во иднина ќе учествува во нивната одбрана.

Македонија и Македонците го бараат истото ниво на подршка.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting