Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП ги изнајми услугите на меѓународната правна фирма Даути Стрит Чемберс (Doughty Street Chambers) да истражи правни дејства против оние што се обидуваат да го променат името на Македонија

15 јуни, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Doughty Street Chambers Македонското меѓународно движење за човекови права им наложи на Даути Стрит Чемберс, меѓународна адвокатска фирма лоцирана во Лондон, и Фридман Боид Холандер Голдберг Урајас и Уард ПА (Freedman Boyd Hollander Goldberg Urias & Ward PA), со седиште во САД, да советуваат за тужби против поединци и држави кои се вклучени во промената на името на Македонија.

ММДЧП долго време се залагаше за завршување на антимакедонските преговори за името, истакнувајќи дека промената на името на Македонија претставува кршење на основните човекови права и ќе ја уништи македонската етничка припадност.

Ненси Холандер (Фрименд Бојд Холандер Голдберг Уријас и Уард) рече: "Името на една земја е многу повеќе од само нејзиното име.Тоа е од основно значење за идентитетот на нејзиниот народ. Затоа, ги истражуваме сите можни правни можности во судовите на САД кои ММДЧП може да ги користи за да спречи било каква промена на името на Македонија".

Татјана Етуел (Даути Стрит Чемберс) рече: "Името на Македонија е од централно значење за идентитетот на македонскиот народ. Тековниот спор меѓу Грција и Македонија за името на Република Македонија не е само технички спор, туку има далекусежни последици за македонскиот народ во однос на нивниот етнички и национален идентитет и признавањето на македонскиот јазик. Ги испитуваме правните можности во рамките на ОН и европските рамки за човекови права кои му се достапни на ММДЧП во нивната кампања за ставање крај на преговорите за името ".

Бил Николов, претседател на ММДЧП, рече: "Македонците нема да дозволат актуелните политичари да го променат нашето древно име, идентитет и етничка припадност. Очекуваме и бараме меѓународната заедница да ни помогне во одбрана на нашите најосновни човекови права и веднаш да стави крај на антимакедонските преговори за името. Промена на името на една цела етничка група за да ги смири своите угнетувачи ја нарушува секоја конвенција за човекови права што Западот тврди дека им се при срце.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting