Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 



Македонскиот преговарач во ОН, Васко Наумовски, ги употребува аргументите на ММДЧП "Нашето име е Македонија" за да го осуди последниот предлог за името од Нимиц

20 јануари, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Nimetz and Naumovski Преговарачот Наумовски предупредува: Предлозите на Нимиц се катастрофа за Македонија

Ниту една држава, ниту Обединетите нации немаат право да наметнат промена на името на друга земја, ниту да го негираат постоењето на македонскиот јазик и Македонците, истакна Наумовски во изјава за ТВ Сител. Оптимизмот за решавање на деценискиот спор е корисен, но за да се биде оптимист, треба да има реална основа, додава преговарачот од македонската страна.

Веднаш по изјавата на Наумовски, владата предводена од Заев беше „згрозена" од таа негова изјава и инсистираше на тоа дека Наумовски не ги изнесол ставовите на Владата, туку негови лични ставови.

Иронијата во оваа банана држава е во фактот што Васко Наумовски ја претставува македонската Влада во преговорите со Грција.

Целата работа станува уште покомплицирана со тоа што пред само една недела, во дебатата на телевизијата во сопственост на Заев, ТВ21, министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцираше дека има целосна доверба во преговарачот Наумовски.
„Досега не забележав никаков сигнал дека актуелниот амбасадор Наумовски излезе од таа наша позиција како специјален преговарач и сакам да го почитувам тоа", изјави Димитров.

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто бара повлекување на медијаторот Нимиц на 6 месеци, истакнувајќи дека на неофицијална средба тој изјавил: „Ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име".

Во меѓувреме, Ципрас од Грција, во интервју за грчките медиуми овој викенд ги доведе работите на едно сосема друго ниво, тврдејќи дека Македонците и државата се лажни.

Во моментов Македонија има еден Васко Наумовски, но потребни се 2 милиона.

Извор:
MINA



 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting