Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП ќе поднесе тужби против владите на Република Македонија и Република Грција за нивниот дел во промена на името на Македонија

8 февруари, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Suing Во одбрана на името на Македонија и нашето македонско етничко потекло и идентитет, Македонското меѓународно движење за човекови права започнува тужби против Зоран Заев, Никола Димитров, владата на Република Македонија, Алексис Ципрас, Никос Козијас, владата на Република Грција и други поединци непосредно вклучени во преговорите за името.

ММДЧП бара итен, судско нареден крај на незаконските и неуставни преговори за името и тужи за оштета од сите именувани страни во име на Македонците од цел свет за безсрамното прекршување на сите повелби за човекови права на Обединетите Нации и другите меѓународни организации.

Незаконското наметнување нови услови за членство на Македонија од страна на Обединетите Нации го прекршува членот 4 од Повелбата на ОН и ги прекршува членовите 2 и 15 од Сеопфатната повелба за човекови права.

Преговорите и предложеното менување на името на Македонија, идентитетот, јазикот, историјата и етничкото потекло, ги имаат вратено назад за десетлетија успесите во човековите права на Македонците и ги засенува сите стандарди за човекови права кои обвинетите се обврзани да ги поткрепуваат.

Негативното емотивно влијание што Македонците го преживуваат, морајќи да следат како за нивниот етнички идентитет се преговара од страна на именуваните страни - кои се обврзани да ги почитуваат основните стандарди за човекови права - е неизмерно. Гледајќи ги застрашувачките, расно наелектризирани протести во Грција, барајќи искоренување на Македонија и нашата македонска етничкост, доведе многу Македонци да се плашат јавно да го објавуваат својот македонски идентитет. Понатаму, фактот дека именуваните странки активно учествуваат во отстранувањето на еден цел етнички идентитет на групата, предизвикува тешка емоционална вознемиреност и предизвикува сеќавања на тешките злоупотреби на човековите права - само врз основа на нивното македонско етничко потекло - кои овие лица веќе ги имаат преживеано.

Затоа, ММДЧП нема алтернатива освен да ги користи судовите за да тужи за оштета и да бара итен крај на анти-македонските преговори за името под покровителство на ОН.

Нашето Име Е Македонија. Бранете го и барајте да се почитува. #НашетоИмеЕМакедонија


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.


Media coverage:

• МКД
• Кајгана
• Struga Online
• Макфакс
• Фокус
• Локално
• а1он
• Вечер
• Курир
• Нетпрес
• sky.mk
• Република
• tocka.com.mk
• Press 24
• Фактор
• Македонска Нација
• Македонија 365
• Република
• Мрежа
• Подгорци Инфо
• Агенда
• Дума
• MINA Report
• EIN News
• Market Forecast Reports



 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting