Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права

10 декември, 2018

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Human Rights „Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“, порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човековите права на Обединетите Нации.

Освен ако се Македонци. Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот и историјата на една цела етничка група. Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид – според дефиницијата на Обединетите Нации.

Ги прашуваме земјите членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок – со кое право?

Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе – освен ако се Македонци - ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН ако продолжи бесрамното кршење на два од основачките принципи на Организацијата:

Член 2 (1) – „Организацијата е заснована на принципот на еднаква сувереност за сите нејзини Членки“ и
Член 2 (7) – „Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба“.

Држави членки со „еднаква сувереност“ имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните прашања на некоја земја – членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и македонскиот народ да го сменат името.

ММДЧП бара Обединетите Нации да ги почитуваат своите сопствени принципи и веднаш да ја примат Република Македонија како членка под нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us





ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2018 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting