Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со билборди во Македонија. ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

21 септември, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Our Name Is Macedonia ММДЧП започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со која бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името, со билборди во Скопје, Битола, Тетово (фотографиите се подолу), а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.

ММДЧП ги повикува сите македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нашиот повик. Бараме македонските организации да се огласат со изјави во поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија ВЕДНАШ да ги прекине преговорите за името.

Како што прашуваме на нашите билборди, КОЈ ВИ ДАДЕ ПРАВО ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА МОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ? Специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското ИМЕ и ИДЕНТИТЕТ, како директен резултат од преговорите за името. ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.

Како што Метју Нимиц неофицијално му кажа на ММДЧП: „Да бев македонец, НЕМАШЕ да преговарам за името.“ И Нимиц и американскиот Стејт Департмент му кажаа на претседателот на ММДЧП, Бил Николов, дека НЕ БИ имало апсолутно никакви последици ако Македонија престане да преговара за името и идентитетот. Освен тоа, и покрај нивните јавни изјави, Стејт Департментот на САД кажа дека нема решение за прашањето за името, и ЕДИНСТВЕНИОТ логичен следен чекор би бил Македонија да ги ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ.

Како што ММДЧП постојано повторува, вештачкиот спор за името е клучното прашање кое негативно влијае не СИТЕ аспекти од животот во Македонија. Преговорите за нашето име се вистинската причина зошто Македонија не е во ЕУ и НАТО. Причината заради која Западот бара од нас да го смениме името е ТОКМУ ТОА ШТО Македонија преговара за името. Нашето име е Македонија. Нашиот идентитет е македонски. ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.


Media coverage:

• Fox 8
• EIN Newsdesk
• Aquaculture.world
• Topix
• ТВ21
• МКД
• Слободен Печат
• ТВ21
• Фокус
• Нетпрес
• Expres.mk
• Ohrid Sky




Our Name Is Macedonia

Billboards

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting