Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП бара привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

15 мај, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонско и албанско знаме Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав.

На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател на собранието не смее да биде прифатено бидејќи е спротивно на сите парламентарни правила, вклучувајќи го и недоволниот број гласови и сето тоа одлуката ја прави неуставна. Не смее да се дозволи денационализацијата на Македонија која што претставува закана за промена на името, идентитетот, знамето, химната и грбот, се’ во име на барањата на Тиранската платформа која што беше изработена во Албанија, под патронат на албанскиот премиер. САД и ЕУ бесрамно се мешаат во внатрешните работи на Македонија. На странски влади не смее да им се дозволи да владеат во друга држава.

Уште откако Македонија стекна независност, ММДЧП им забележуваше на двете најголеми политички партии што му дозволуваа на Западот да ја диктира внатрешната политика, но му забележуваше и на Западот да ја контролираат Македонија заради свои интереси. ММДЧП отфрла секаква квалификација дека станува збор за избор на ‘левица или десница’, односно ‘СДСМ или ВМРО’. Овде станува збор за македонски национални и човекови права. Од нашите извештаи за спорот со името произлегува дека ние сме против ВМРО, а последните наши извештаи звучат дека сме против СДСМ. Не е точно, ниту едното, ниту другото. Ние сме против било која партија која што не дејствува на начин кој што е во најдобар интерес на Македонија и на македонскиот народ.

ММДЧП повторно бара од привремената влада во Македонија да го протера американскиот амбасадор Бејли и секој друг што се меша во внатрешните работи на Македонија. Го повторуваме и нашиот апел до Македонија да престанат да бараат „дозвола“ од САД и Европската Унија за секоја политичка одлука, затоа што токму тие држави и институции го поткопуваат суверенитетот и опстојувањето на независноста на државата. Го повторуваме и нашето барање за нелегално избраниот претседател на собранието, Талат Џафери, и за сите други кои што беа амнестирани од гонење за воени злосторства, веднаш да се покрене постапка и да одговараат за злосторствата што ги направиле. ММДЧП го повторува барањето до администрацијата на Трамп веднаш да ја примени политиката која што самите тие ја пропагираа – да се стави крај на странскиот интервенционизам – што би значело и ставање крај на мешањето во Македонија и на кризата која што беше создадена од Стејт Департментот и од американската амбасада во Македонија.

ММДЧП бара од Западот и од западните медиуми коректно да известуваат за кризата во Македонија и, наместо да го оспоруваат легитимитетот на Македонија и македонскиот народ, да ги бранат и да ги поддржат нашите права како Македонија и како Македонци. Независно дали се работи за мрзливост, за наивност, или за неинформираност, извештаите на западните медиуми ги третираа едните протести како про-западни, одбивајќи објективно да известат за кризата за Македонија и за непартиските масовни протести. Здравиот разум вели дека секој етникум би се бранел од напади кои што го загрозуваат неговото постоење. Во конкретниов случај, Македонците се тие што се бранат себеси од нападите на нашите „традиционални“ угнетувачи и, за жал, од САД и Западна Европа. Здравиот разум и одговорни новинари би ги принудиле западните медиуми да информираат за вистината за македонската криза.

Привремената влада на Македонија има моќ да стави крај на оваа криза. ММДЧП ја повикува да реагира веднаш и без колебање.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.




 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting